Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки

Уништен над еден тон небезбедна „здрава храна“, изречени казни од над 20 илјади евра

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryf3ed0ehmbc4dcwmzg2U

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство уништиле 1.010 килограми небезбедна „здрава храна“ кај 14 оператори, во рамки на 373 контроли спроведени неделава во објекти за производство и промет со здрава храна.

Со контролите било утврдено дека 14 оператори воопшто не биле регистрирани како оператори со храна во Агенцијата. За констатираните недоследности издадени се 65 решенија, 19 опомени и 44 парични казни, во вкупна вредност од 20.550 евра во денарска противвредност.

— реклама —

Кај девет оператори биле утврдени незадоволителни хигиенски и технички услови во објектите, додека кај седум била пронајдена храна со поминат рок на употреба. Кај двајца оператори инспекторите пронашле храна со непознато потекло.

Несоодветно означување на производите било утврдено кај 18 оператори, а кај 23 вработените немале извршено задолжителен здравствен преглед. Двајца оператори немале воспоставени процедури за добра производствена и добра хигиенска пракса или не воделе соодветна документација. Исто така, кај два објекти не била спроведена задолжителна дезинфекција, дезинсекција и дератизација.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library7p12gq7nischdXTUGUz

„Нашите производи се целосно усогласени со декларациите“, велат од Млекара Ѓоргиеви

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
ekspert-objasnuva-zoshto-treba-da-prestanete-da-piete-kravjo-mleko-kafepauza.mk_

Објавени млекарите кои пласирале лажни декларации за млечните производи

Македонија | пред 1 седмица

media-librarynjuh72b6minu5nPsq72

АХВ откри измами со млечни производи: Во сирење со декларација од 20% млечна маст имало само 1%

Македонија | пред 1 седмица

media-librarynsg5tkvp5lbj78etb2j

И АХВ потврди дека во Козле е заловен волк: му го проверуваат здравјето, па ќе видат што со него

Скопје | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања