Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Урагански ветер со 130 км на час вчера го пустошеше Скопје, во Штип измерени 134 км на час

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-library507sb1qsa6j16D5C0l6

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) соопшти дека вчера биле измерени исклучително силни удари на ветер на повеќе локации низ Македонија, при што на дел од мерните места биле регистрирани вредности приближни до историските рекорди.

Според податоците од Националната мрежа на автоматски метеоролошки станици, од вкупно 47 мерни места, олуен ветер со брзина од 62 до 88 километри на час е измерен на 12 локации, силна олуја со брзина од 88 до 102 километри на час на шест мерни места, орканска олуја со брзина од 102 до 117 километри на час на едно мерно место, додека на три автоматски метеоролошки станици бил регистриран оркански ветер со брзина поголема од 118 километри на час.

— реклама —

Најсилен удар на ветер е измерен на автоматската метеоролошка станица во Штип, каде што во 17 часот е регистрирана брзина од 134 километри на час со правец запад-северозапад.

— реклама —

Во Скопје, на автоматската метеоролошка станица во Скопската Котлина, во 16:10 часот е измерен удар на ветер од 130 километри на час со правец север-северозапад. Иста брзина од 130 километри на час е регистрирана и на автоматската метеоролошка станица во Ново Село, Струмица, во 17:50 часот, каде што ветерот дувал од северозападен правец.

— реклама —

Од УХМР потсетуваат дека оркански ветер, според класификацијата за јачина на ветер, е ветер со брзина поголема од 118 километри на час. Станува збор за исклучително ретка појава на овие простори, која може да предизвика сериозни оштетувања и значителни материјални штети.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library69lsqvf0l6bh1e8vlp7

(Видео) Снимки од Градски парк сведочат за разорното невреме што го погоди Скопје: Огромни дрвја откорнати од корен

Скопје | пред 2 седмици

media-librarycp3pdq5kdggo6xM4Ubk

Следуваат инспекции на објектите чии кровови летнаа во невремето, ќе се формираат и комисии за процена на штетите

Скопје | пред 3 седмици

media-libraryrbiqm3bvl7g64CJVoUv

(Фото) Невремето остави белег на часовникот на Музејот на Град Скопје, симболот што 62 години покажува 5:17

Скопје | пред 3 седмици

media-librarykihe5v08hu7ofyE4KYh

Скопските болници се полни по невремето: 33 повредени, двајца хоспитализирани

Скопје | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања