Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Урната луксузната вила на Путин во Сочи: „Рускиот претседател се плаши од напад“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Свет
Screenshot-2024-10-08-082957

Рускиот претседател Владимир Путин целосно срамни со земја една од неговите палати, наводно поради страв да престојува таму, бидејќи резиденцијата е во домет на украински беспилотни летала. Според новата истрага на независниот медиум Проект, пишува Дејли мејл, Путин „искрено се плаши“ дека би можел да стане цел на напад со беспилотно летало контролиран од Киев.

Во последниве години, Путин често престојуваше во Бочаров Ручеј (Бочаров Поток), резиденција со поглед на Црното Море во Сочи. Меѓутоа, палатата ненадејно била урната со булдожер, а новите сателитски снимки до кои дошол Проект покажуваат дека сега на тоа место има голема јама.

— реклама —

Во извештајот се тврди дека Путин ги избегнува Сочи и регионот Краснодар уште од минатата година, кога украинските беспилотни летала ги интензивираа нападите на руска територија. Украинските воздушни напади погодија различни цели во областа Сочи и Геленџик, што го натера Путин да престане да ги посетува овие региони и покрај софистицираните системи за противвоздушна одбрана кои ги штитат неговите резиденции.

— реклама —

Палатата Бочаров Ручеј беше урната во текот на февруари и март годинава. Иако резиденцијата беше целосно уништена, во извештајот на проектот се истакнува дека остануваат многу неодговорени прашања.

— реклама —

„Прво, зошто беше потребно да се урне луксузна резиденција која е реновирана пред 10 години? Одговорот е веројатно очигледен... Поради нападите со беспилотни летала, претседателот се плаши да биде на брегот на Црното Море на територијата Краснодар“, се наведува во извештајот.

— реклама —

„Познаникот на Путин му потврди на Проект дека претседателот навистина се плаши да лета на југ“, се вели во понатамошниот извештај.

Се шпекулира и дека Путин ја срушил палатата со намера на истото место да изгради нова, уште полуксузна, која би можела да содржи побезбедни бункери. Според Проектот, руската јавност не била информирана за уривањето бидејќи резиденциите на Путин се наоѓаат во заштитени подрачја.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8puqnnmutpumbXi5pO5

(Видео) Украинските дронови ја погодија руската нафтена индустрија: Капацитетите за преработка намалени за 30 отсто

Свет | пред 6 часа

— реклама —
media-libraryt9rn71kbcs732xUGMML

Русија ја нападна Украина со 162 дрона и балистичка ракета, цел била и термоцентрала кај Киев

Свет | пред 10 часа

media-libraryo8qp68df6ra569vHY2R

(Видео) Русија го остави Киев без струја, луѓето излегуваат надвор и прават скара

Свет | пред 23 часа

media-libraryh6evpc8uubr20G55U2Z

(Видео) Воен авион од Москва слета во Израел, идентитетот на патниците е непознат

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања