Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Урнат дел од покривот ја затвори Ортопедијата во Штип, пациентите се пренасочуваат во други болници

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
bolnica-stip

Клиничката болница во Штип ги извести здравствените установи од Источниот регион во наредниот период да не испраќаат пациенти со скршеници на Одделението за ортопедија, кое е надвор од функција поради оштетувањата предизвикани од силното невреме.

Од болницата соопштија дека елементарната непогода предизвикала сериозни оштетувања на Одделението за ортопедија и на ортопедската операциона сала, поради што пациентите нема да можат да добијат соодветен третман сè до завршување на санацијата.

— реклама —

„Ве замолуваме во следните денови, до целосното отстранување на штетите, пациентите со скршеници да не ги упатувате во Клиничката болница Штип. Потребно е тие да бидат препраќани во други здравствени центри каде што ќе им биде обезбеден соодветен третман“, наведуваат од болницата.

Оштетувањата настанаа откако силниот ветер, кој според податоците достигнал брзина од 134 километри на час, урна дел од кровната конструкција на болничкиот објект.

— реклама —

Заменик-директорката на Клиничката болница Штип, Билјана Ефтимова, информираше дека меѓу 15 и 20 пациенти, кои биле сместени на Одделението за ортопедија, се префрлени на други одделенија во болницата.

— реклама —

Во текот на денот, стручни екипи извршиле проценка на штетите со цел што поскоро да започне санацијата на покривот и повторно да се воспостави нормално функционирање на Одделението за ортопедија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library69lsqvf0l6bh1e8vlp7

(Видео) Снимки од Градски парк сведочат за разорното невреме што го погоди Скопје: Огромни дрвја откорнати од корен

Скопје | пред 2 седмици

media-librarycp3pdq5kdggo6xM4Ubk

Следуваат инспекции на објектите чии кровови летнаа во невремето, ќе се формираат и комисии за процена на штетите

Скопје | пред 3 седмици

media-libraryrbiqm3bvl7g64CJVoUv

(Фото) Невремето остави белег на часовникот на Музејот на Град Скопје, симболот што 62 години покажува 5:17

Скопје | пред 3 седмици

media-librarykihe5v08hu7ofyE4KYh

Скопските болници се полни по невремето: 33 повредени, двајца хоспитализирани

Скопје | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања