Промени тема
Контакт
LANDOV Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! 2:18:21 Гледај на LANDOV.MK

Урсула фон дер Лајен е избрана за претседател на Европската комисија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Свет
ursula

Урсула фон дер Лајен по втор пат е избрана за претседател на Европската комисија (ЕК).

— реклама —

Пратениците во Европскиот парламент (ЕП) гласаа за реизбор на Фон дер Лајен, кој беше на чело на ЕК и во претходниот мандат.

— реклама —

За изборот на фон дер Лајен гласаа 401 европратеник, 284 беа против, додека 15 европратеници беа воздржани. Не гласаа седум пратеници.

— реклама —

Таа претходно во политичките насоки за следната Европска комисија изјави дека пристапувањето во ЕУ секогаш ќе биде процес заснован на заслуги и рече дека ќе има зголемена поддршка за подготовка на земјите кандидати, вклучително и преку инвестиции и реформи од Планот за раст за Западен Балкан.

„Пристапувањето во ЕУ секогаш ќе биде процес заснован на заслуги - и секој кандидат ќе се оценува според сопствениот напредок кон исполнување на сите критериуми. Ќе ја зајакнеме поддршката за подготовка на земјите кандидати, особено користејќи инвестиции и реформи во Планот за раст за Западен Балкан и инструментот за Украина. Ова ќе помогне да се интегрираат во делови од правото на ЕУ и единствениот пазар и ќе ги навикне да пристапуваат до фондовите на ЕУ“, се вели во насоките за политика на Фон дер Лајен, објавени од Европската комисија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

fon-der-lajen

Урсула фон дер Лајен утре во Скопје: Што носи претседателката на ЕК?

Македонија | пред 3 седмици

— реклама —
mkd-429029

Урсула фон дер Лајен тргнува на балканска турнеја: Ќе ги посети Тирана, Приштина, Подгорица и Скопје

Свет | пред 3 седмици

ursula

Македонија не е меѓу четирите земји со нови патокази за членство во ЕУ

Македонија | пред 3 седмици

mkd-429029

Фон дер Лајен од 30 септември до 2 октомври на турнеја низ Западен Балкан, ќе дојде и во Скопје

Балкан | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања