Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Урсула фон дер Лајен: Им честитам на Молдавија и Украина за почетокот на пристапните преговори

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Свет

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, најави дека Европската унија денеска ќе ги отвори пристапните преговори со Украина и Молдавија и им честиташе на овие земји за постигнатите резултати.

— реклама —

„Им честитам на Молдавија и Украина за почетокот на пристапните преговори. Ова е многу добра вест за народот на Украина, Молдавија и целата Европска унија. Патот пред нас ќе биде тежок, но полн со можности“, рече таа на платформата X.

— реклама —

Минатата недела земјите-членки на ЕУ ги одобрија преговарачките рамки за пристапување на Украина и Молдавија во блокот. На 14 јуни, постојаните претставници на ЕУ постигнаа начелен договор за рамката за пристапните преговори меѓу Украина и Молдавија.

— реклама —

Претходно Европската комисија објави дека Украина и Молдавија ги исполнуваат сите критериуми неопходни за формален почеток на преговорите за членство во ЕУ.

— реклама —

Земјите од ЕУ на 14 декември одлучија да започнат преговори со Украина и Молдавија за пристапување во Европската унија, откако унгарскиот премиер Виктор Орбан ја напушти просторијата на почетокот на гласањето, дозволувајќи одлуката да се донесе едногласно.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

ursula

Фон дер Лајен ја обвини Русија за ескалација во Црното Море по нападот врз цивилен брод

Свет | пред 2 седмици

— реклама —
fon-der-lajen

Урсула фон дер Лајен утре во Скопје: Што носи претседателката на ЕК?

Македонија | пред 1 месец

mkd-429029

Урсула фон дер Лајен тргнува на балканска турнеја: Ќе ги посети Тирана, Приштина, Подгорица и Скопје

Свет | пред 1 месец

ursula

Македонија не е меѓу четирите земји со нови патокази за членство во ЕУ

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања