Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Условна казна за членот на обезбедувањето на премиерот Мицкоски кој ја тепаше сопругата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
semejno-nasilstvo

Раде Ристовски, член на обезбедувањето на премиерот Мицкоски, доби условна казна од три години, за делото со претепување на сопругата.

— реклама —

„На денешното рочиште обвинетиот призна вина и судот му определи казна затвор во траење од една година и шест месеци, доколку во наредните три години стори друго кривично дело.“ велат од Кривичен суд

— реклама —

Според обвинителството, по претходна вербална расправија во семејниот дом, обвинетиот физички ја нападнал оштетената, удирајќи ја по лицето и главата пред нивната малолетна ќерка, а потоа ја фатил за вратот и почнал да ја дави.

Во нападот, на жената ѝ биле нанесени телесни повреди и психичка вознемиреност.

— реклама —

Како што наведуваат од обвинителството, оштетената успеала да се засолни во тоалет, а подоцна, додека со детето се обидувала да го напушти домот, обвинетиот ѝ го одзел и оштетил мобилниот телефон.

— реклама —

Таа заедно со ќерката побарала помош кај сосетка, која ги примила во својот дом.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryrpkbu6bfgsc01paNMhT

Електронски алки за следење на насилниците и отстранување од домот на 48 часа предвидуваат новите законски измени за заштита од семејно насилство

Македонија | пред 21 час

— реклама —
media-libraryq5u4hu2k7ibf5WxP36M

За 69 отсто зголемени пријавите за семејно насилство, речиси 1.900 случаи за десет месеци, меѓу жртвите и 100 деца

Македонија | пред 22 часа

media-library3b651hlbrs9u6sf7rRv

Осум случаи на семејно насилство за еден ден

Македонија | пред 2 месеци

Screenshot-2024-05-30-at-08.55.22

„Ќе помогнеме Меланија и нејзиното семејство да бидат безбедни“ – Славјанка Петровска понуди помош за семејството од Куманово

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања