Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Уставниот судија Гоце Наумовски поднесе оставка, Судот за тоа дознал од Собранието

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
ustaven

Уставниот судија Гоце Наумовски поднел оставка од функцијата, но за неговата одлука Уставниот суд не бил официјално известен. Наместо тоа, информацијата била потврдена преку телефонски разговор меѓу претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, и претседателот на Собранието, Африм Гаши.

— реклама —

Од Уставниот суд соопштија дека Наумовски не присуствувал на денешната седница, иако претходно најавил дека ќе дојде. Во текот на денот претседателот Костадиновски и неговите колеги безуспешно се обидувале да стапат во контакт со него, но не успеале да добијат одговор.

— реклама —

„До Уставниот суд не е доставено официјално известување од судијата Гоце Наумовски дека поднесува оставка. Ниту од Собранието досега не е пристигната официјална потврда. Единствената информација претседателот на Судот ја доби во телефонски разговор со претседателот на Собранието, кој потврди дека судијата поднел оставка“, наведуваат од Уставниот суд.

Причините за неговото повлекување засега не се познати.

— реклама —

Со заминувањето на Наумовски, Уставниот суд ќе продолжи да работи со седум судии. Претходно оставка од функцијата поднесе и уставната судијка Јадранка Дабовиќ.

— реклама —

Гоце Наумовски беше избран за уставен судија во февруари 2026 година, а неговиот избор предизвика реакции во јавноста бидејќи претходно беше советник на премиерот Христијан Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library2fjglumhc8ct5YyIK21

Египетска делегација во Уставниот суд, разговарано за судската заштита и вештачката интелигенција

Македонија | пред 19 часа

— реклама —
IMG_4929

Судскиот совет и Здружението на судии: Одлуката на граѓанскиот суд не може да биде однапред определена од Уставниот суд

Македонија | пред 3 месеци

ustaven-sud

Уставниот суд првпат пријави судија од Граѓанскиот суд поради непочитување на нивната одлука

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryvjjmol4tsd7kbzGCssq

Уставните судови на Македонија и Турција ќе ја интензивираат билатералната соработка

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања