Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Уставните судии отворија пат нивните плати и платите на сите судии и обвинители да бидат повисоки

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
media-library291vml23h54h57wUJlg

Уставните судии на денешната седница одлучија да поведат постапка за оценување на уставноста и законитоста на измените на Законот за платите на судиите и обвинителите. По познатото и критикувано решение во 2023 година платите на сите избрани и именувани лица да се зголемат за цели 78 проценти, по бурата реакции, во 2024 година со закон на сите избрани лица им се намали коефициентот за определување на платите за 0,5 проценти. Ова особено ги погоди судиите и обвинителите кои се побунија бидејќи, како што велеа, според закон никој нема право да им ги намали платите.

— реклама —

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски рече дека денешната одлука е во насока на заштита на судската независност од извршната и законодавната власт.

— реклама —

Уставните судии биле согласни дека ваквите законски интервенции претставуваат директен упад во финансиската независност на судската власт и се во спротивност со меѓународните стандарди.

„Општоприфатените норми на меѓународното право се применуваат на различен начин, дали се разработени во конвенции, дали во мислења и ставови на Советот на Европа или преку практиката на Европскиот суд за човекови права, или преку мислењата на Венецијанската комисија, тие создаваат стандарди. Кога тие ќе создадат стандарди, ние како Суд сме должни да ги почитуваме. Во конкретниот случај, за намалување на платите на судиите, постојат меѓународно прифатени стандарди. Сумирано, овие стандарди аплицирани на конкретниот случај значат гаранција против намалувањето на платите на судиите, но ова е уште поважно: сите овие меѓународни стандарди упатуваат дека платата на судиите не е техничко прашање, туку е статусно прашање нераскинливо врзано со нивната независност и самостојност. Значи, ако се допре во платата, според меѓународните стандарди, тоа значи навлегување во независноста и самостојноста на судиите“, рече Костадиновски.

— реклама —

Сооред него одлуката за платите на судиите не значи нивно зголемување, туку спречување понатамошно намалување и заштита на уставно поставената власт и уставните прерогативи за независност и самостојност.

— реклама —

Сепак според пресметките, ако помине ова барање за враќање на претходниот коефициент за пресметка на плата, судиите и обвинителите би добивале дополнително околу 250 евра месечно.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library2fjglumhc8ct5YyIK21

Египетска делегација во Уставниот суд, разговарано за судската заштита и вештачката интелигенција

Македонија | пред 19 часа

— реклама —
IMG_4929

Судскиот совет и Здружението на судии: Одлуката на граѓанскиот суд не може да биде однапред определена од Уставниот суд

Македонија | пред 3 месеци

ustaven-sud

Уставниот суд првпат пријави судија од Граѓанскиот суд поради непочитување на нивната одлука

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryvjjmol4tsd7kbzGCssq

Уставните судови на Македонија и Турција ќе ја интензивираат билатералната соработка

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања