Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Уште 12 дена до рокот за реформите кои Мицкоски нема да ги исполни, велат од СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-librarypuonom89qceu5AhNovk

Од СДСМ преку соопштение денеска порачаа дека остануваат уште 12 дена до рокот што, според нив, самиот Христијан Мицкоски го поставил за исполнување на реформите и европските обврски на државата.

Од партијата оценуваат дека без уставни измени и внесување на малцинствата во Уставот нема да има продолжување на евроинтегративниот процес и отворање на следната фаза од преговорите со Европската Унија.

— реклама —

„Без измени на Уставот и внесување на малцинствата, нема продолжување на ЕУ интеграциите, нема помрднување од мртва точка“, наведуваат од СДСМ.

— реклама —

Во реакцијата се посочува дека Мицкоски претходно тврдeл дека има апсолутно мнозинство и дека ја укинал техничката влада без консензус.

Од СДСМ велат дека нема да бидат алиби за, како што тврдат, неисполнување на реформите.

— реклама —

„Нека ги заврши реформите што ги вети, нека ги исполни обврските до 1 јуни“, порачуваат од партијата.

— реклама —

Во соопштението се наведува и дека Владата треба да покаже дали навистина сака продолжување на европскиот пат на државата.

„Или конечно нека им признае на граѓаните дека не сака ЕУ затоа што се плаши од европски стандарди, од реформи, од независно правосудство и од одговорност“, наведуваат од СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 час

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања