Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

„Уште една недела - Владата не е способна ни за вода“, велат од СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryr0n056rc8kp89TeyOJ5

СДСМ преку соопштение обвини дека Владата не успева да го реши проблемот со водоснабдувањето во Гостивар, посочувајќи дека водата сè уште не смее да се користи за пиење и подготовка на храна поради присуството на бактеријата Pseudomonas aeruginosa.

— реклама —

Од партијата велат дека надлежните повторно најавуваат стабилизација на состојбата „следната недела“, оценувајќи дека граѓаните повторно остануваат без конкретно решение.

СДСМ тврди дека сè уште не постои официјален документ со кој се потврдува дека водата е технички исправна за капење, ниту, како што наведуваат, некој презел одговорност за, според нив, труењето на граѓаните.

— реклама —

Во соопштението се осврнуваат и на појавата на жолтица во Гостивар, прашувајќи кој официјално потврдил дека епидемијата е завршена и врз основа на кои стручни проценки.

— реклама —

Од СДСМ наведуваат дека единствената причина поради која граѓаните повторно почнале да ја користат водата за капење била изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека таа ќе биде технички исправна, додавајќи дека тоа, според нив, не било потврдено со стручен документ.

Партијата оценува дека, доколку и понатаму се спроведува хиперхлорирање поради присуството на опасна бактерија, тогаш водата не е безбедна ниту за капење. Воедно, го критикуваат и министерот за здравство Сашо Клековски, тврдејќи дека не се огласува за состојбата.

— реклама —

„Оваа Влада не е способна ниту вода да обезбеди, а сака да води држава“, се наведува во партиското соопштение.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8kqrs88r772q9V7xswt

СДСМ: Ширење паника или паника кај Мицкоски

Македонија | пред 8 часа

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Два сценарија на Мицкоски за Алта банка - ниту едно не држи“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarygchjosgjcllv05cRcCx

ВМРО-ДПМНЕ го нападна Жерновски, СДСМ возврати со обвинувања кон Мицкоски

Македонија | пред 1 ден

media-libraryjuvo7946t52m26Y687J

(Видео) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ: Одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања