Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

„Уште едно признание на ВМРО-ОКГ дека се со бугарски пасоши, го одбија законот за двојни државјанства на СДСМ“, велат од СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-librarya6c1psbkkpqs88n6Ilf

Од СДСМ денеска преку соопштение обвинија дека ВМРО-ДПМНЕ го одбило предлог-законот со кој министрите, вицепремиерите и членовите на Владата не би можеле да поседуваат двојни државјанства.

— реклама —

Во партиското соопштение, СДСМ тврди дека ваквиот потег претставува, како што наведуваат, „признание“ дека дел од функционерите на ВМРО-ДПМНЕ поседуваат бугарски државјанства.

Од партијата повторно ги отворија прашањата поврзани со Преспански договор, наведувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ со текот на времето го прифатило договорот, како и членството на државата во НАТО.

— реклама —

„Со години ширеа хистерија, страв и лаги дека некој ќе го избрише македонскиот идентитет, а денес токму тие – со бугарски пасоши во џебовите“, се наведува во реакцијата на СДСМ.

— реклама —

Партијата обвини и дека функционери на ВМРО-ДПМНЕ ја блокираат европската интеграција на државата, додека истовремено, според нив, обезбедиле бугарски пасоши.

Во соопштението СДСМ наведе повеќе имиња на актуелни и поранешни функционери, меѓу кои Антонио Милошоски, Сања Божиновска, Стефан Андоновски и Александар Пандов, тврдејќи дека поседуваат бугарски државјанства.

— реклама —

Од СДСМ велат дека одбивањето на законот, според нив, ја покажува „лицемерната политика“ на ВМРО-ДПМНЕ во однос на прашањата поврзани со Бугарија и европските интеграции.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 час

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања