Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Утре бесплатна тура до Матка и Врело со автобуски превоз и туристички водич

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Скопје
kanjonmatka

Граѓаните ќе имаат можност бесплатно да ги посетат Матка и пештерата Врело во рамките на организираната тура што ја најави Град Скопје. Разгледот ќе се одржи во сабота, со обезбеден автобуски превоз и професионален туристички водич.

Од Град Скопје информираат дека целта на иницијативата е природните убавини на градот да им бидат подостапни на граѓаните и да се поттикне нивното запознавање и зачувување.

— реклама —

Инспирацијата за организирање на посетата, како што наведуваат, доаѓа и од неодамнешниот истражувачки подвиг во пештерата Врело, која заедно со кањонот Матка претставува едно од значајните природни богатства на Скопје.

— реклама —

Туристичкиот разглед ќе го води претставник на Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници, кој ќе ги запознае посетителите со природните особености на овој предел.

Поаѓањето е предвидено од Порта „Македонија“, во сабота во 10 часот. Заинтересираните граѓани можат да се пријават на телефонскиот број 072 213 692.

— реклама —

Од Град Скопје ги повикуваат граѓаните да ја искористат можноста бесплатно да ги откријат природните убавини на Матка и Врело.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryrmegjvfm14hm7vDjrWe

(Фото) Три нови светски рекорди на Матка: експедицијата на „Врело“ заврши успешно

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-librarym3l3bpgp35esffgEfbv

Затворена патеката на Матка поради опасност од уривање карпи

Скопје | пред 8 месеци

IMG_4225

(Видео) Обновена маркацијата на кружната патека Водно – Матка – Водно

Скопје | пред 8 месеци

media-library184bq9rs3ako1ign3PA

(Видео) Одрон на карпа во Кањон Матка го загрози животот на посетители

Настани | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања