Промени тема
Контакт

Ужас во Авганистан: Најмалку 40 лица загинаа во невремето, 350 се повредени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Свет
avganistan-avganistanci

Во обилните дождови на истокот на Авганистан загинаа најмалку 40 лица, а околу 350 се повредени, соопштија денеска талибанските власти.

Портпаролот на Министерството за јавно здравје Шарафат Заман Амар потврди дека 40 лица загинале во невремето во понеделникот, а 347 повредени се пренесени во Регионалната болница Нангархар на лекување од Џалалабад, главниот град на провинцијата Нангархар и околните области.

Меѓу жртвите има и пет членови на едно семејство, кои загинаа кога се урна покривот на нивната куќа во областа Сур Род, изјави портпаролот на провинцијата Седикулах Кураиши.

— реклама —

Повредени се уште четворица членови на ова семејство, пренесува АП.

Околу 400 куќи и 60 столбови за струја се уништени низ провинцијата Нангархар, додаде Кураиши.

— реклама —

Струјата беше прекината во многу области, а комуникациите во градот Џалалабад беа ограничени, додека целосниот обем на штетата се уште се проценува.

— реклама —

Одделно, авганистанските медиуми објавија дека најмалку 17 лица загинале, а 34 се повредени кога автобус се превртел на главниот автопат што ги поврзува Кабул и Балх во северната провинција Баглан рано утринава.

Причината за несреќата сè уште не е позната, но слични инциденти често се случуваат во Авганистан поради лошите услови на патиштата и невнимателното возење, наведува АП.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library4lfq8oo179hdaG6vTdl

Во Куманово поднесени 160 барања за обештетување по невремето

Македонија | пред 1 месец

— реклама —
media-library8iindo7eal7t4MJBibD

(Видео) Невремето го разбранува Охридското Езеро, огромни бранови кај Градиште

Настани | пред 1 месец

media-library1ad3iak2398n9K6Jewi

Ѓорѓиевски: Општините ќе формираат комисии за пријавување на штетите од невремето

Скопје | пред 1 месец

media-library3qndtdmoe1k39q771ua

Колапс на линијата 112: Над 8.300 повици по невремето, ангажирани дополнителни оператори

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања