Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

„Валбон Лимани бега од одговорност за скандалот со водата, СДС, ДУИ и Таравари го штитат со молк“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-librarypph65llmbrl9c4rqK3U

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение обвини дека градоначалникот на Гостивар, Валбон Лимани, избегнува да преземе одговорност за, како што наведуваат, случајот со водата во општината и оцени дека неговиот став покажува отсуство на чувство за политичка и морална одговорност.

— реклама —

Од партијата тврдат дека, наместо да се обрати пред јавноста и да ја преземе одговорноста како прв човек на општината, Лимани се дистанцирал од случајот и порачал дека не чувствува никаква морална одговорност.

— реклама —

„Кога целиот град е погоден од ваков сериозен проблем, граѓаните не очекуваат оправдувања, туку отчетност. Ако градоначалникот не е одговорен за работата на луѓето што самиот ги поставил да раководат со јавните претпријатија, тогаш кој е?“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во соопштението партијата ја критикува и, како што наведува, тишината на СДС, ДУИ и Арбен Таравари, оценувајќи дека тие не побарале одговорност од својот кандидат.

— реклама —

Од ВМРО-ДПМНЕ ги повикаа надлежните институции целосно да го расчистат случајот, без селективен пристап и политички влијанија.

— реклама —

Според партијата, граѓаните на Гостивар заслужуваат отчетност и градоначалник кој ќе стои зад своите одлуки, а политичката и моралната одговорност на Валбон Лимани, како што наведуваат, е неизбежна.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryqcnmgcmc0fu3fN7MQmr

„Надзорната расправа организирана од СДС е поразена, Филипче матиран со вистината за Алта банка“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 16 часа

— реклама —
media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„Филипче е нервозен затоа што ќе се најде решение за Алта банка, во време на СДС банките пропаѓаа, се затвораа, а блиски до кланот Заеви се богатеа“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 1 ден

media-library2pnult34j92r4puAdC6

„Единствено во периодот на власт на Заев и Филипче преку Еуростандард банка, во Македонија се „испрале“ пари од Венецуела“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryahomartd0jn5cfpdRzU

ВМРО-ДПМНЕ: СДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкции, а сега со Алта банка нема да се дозволи граѓаните да бидат оштетени

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања