Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Ванковска во посета на Каменица и Делчево

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
IMG_3390

Кандидатот за претседател од партијата Левица, Билјана Ванковска денеска ја претстави својата програма пред граѓаните на Македонска Каменица и Делчево. Ванковска поразговара „очи в очи” со граѓаните за актуелните проблеми и претстави делови од програмата која таа ја нуди како претседателски кандидат.

Прв пат бев овде кога ја отворавме локалната канцеларија на Левица. Денеска имаме пазарен ден и малку повеќе луѓе, продолжуваме со разговор „очи в очи” со граѓаните, од кои за жал ја слушам онаа приказна, колку граѓани утрово се качиле во автобуси и заминале од градот. Значи постојано во овој дел од Македонија, но и во останатите се соочуваме со иселување на она што е најдоброто и она што е најсакано, младите. Целата наша програма, значи зборувам за онаа својата претседателска, меѓутоа и она што ќе следува во вид на парламентарна програма на Левица, е насочена токму кон решавање на проблемите на граѓаните. Имаме решенија и визија, нема да инвестираме пари во воени цели, туку во социјални и развојни цели за Македонија, рече Ванковска.

— реклама —

Во Делчево Ванковска истакна дека вест на денот е дека нема да има дебати, заради што, како што рече, граѓаните нема да бидат во можност да ги слушнат аргументите на Левица.

За жал веста на денот е дека Претседателот, актуелен и врховен командант, се исплаши од ТВ дебата, така што драги и почитувани граѓани на Македонија, нема да имате можност да видите како тој нема одговор на моите аргументи кои се научни, фактички и здраворазумски. Излегувајте да се гледаме, да се дружиме да ви објаснам што всушност нуди Левица, односно Билјана Ванковска, додаде кандидатот за претседател од Левица.

— реклама —

На средбите со граѓаните е и носителот во ИЕ3 од Левица, Борислав Крмов.

— реклама —

Мене и луѓето ми кажаа дека каменичани во суштина имаат традиција да бидат независни и дека тука не трпат предизвици. И затоа тука очигледно поддршката е толку голема. Сакам да кажам дека во професорката ќе имаат баш таков кандидат, независен, кој ќе се грижи за македонските интереси, а не за туѓи интереси. Тоа е кандидат кој нема да оди по амбасадите, туку македонскиот идентитет ќе му биде најголемиот интерес, истакна Крмов во Македонска Каменица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

Vankovska-1

Ванковска за говорот на Сиљановска: Додека светот тоне во светска војна и економска криза, ние ќе си живееме во меурот на „безбедноста”

Коментари | пред 5 месеци

421942319_964070635076001_5149218793722083700_n

Нов судир меѓу Ванковска и Силјановска: блокада на ФБ и обвинувања за „детска постапка“

Македонија | пред 11 месец

IMG_3573

Билјана Ванковска, претседателскиот кандидат на Левица го оствари своето право на глас

Македонија | пред 2 години

uciliste-skolo-deca-ucenici-4-4

Ванковска: Родители, пакувајте куфери за да си ги спасите децата

Коментари | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања