„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Ванковска за говорот на Сиљановска: Додека светот тоне во светска војна и економска криза, ние ќе си живееме во меурот на „безбедноста”

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 14 часа -

Коментари
Vankovska-1

Професорката Билјана Ванковска преку објава на социјалните мрежи упати критики до претседателката Гордана Силјановска-Давкова по нејзиното обраќање до јавноста по седницата на Советот за безбедност.

— реклама —

Во статусот, Ванковска оценува дека претседателката се обратила „повеќе како портпарол на државниот врв отколку како државник“, забележувајќи дека во говорот бил нагласен аспектот на стабилност и безбедност на државата.

„Претседателката конечно се обрати до јавноста, повеќе како портпарол на државниот врв (во име на советодавното тело наречено Совет за безбедност) отколку како државник.

— реклама —

Нѐ увери колку сме стабилни и безбедни - додека светот тоне во светска војна и економска криза без преседан. Ние ќе си живееме во меурот на “безбедноста”.

Оваа жена досега не сум ја чула да зборува директно и без флоскули. Вчера воопшто и не ги дефинираше “состојбите во светот”. За неа не постои ни Иран, ни Газа, ни Либан… Таа нема ни знаење ни храброст да заземе став во однос на агресија извршена од нашите сојузници , за цивилните жртви, за геноцидот кој Израел и натаму го врши. Но кажа кои објекти ќе бидат од врвен безбедносен приоритет.

Толку бедно се чувствувам што цел свет е на нозе и протестира против војната врз Иран и геноцидот во Газа. Ние сме помали од маково зрно. И безбедни. Don’t look up“, вели Ванковска.

media-librarye7vkdv6p0eqk904yO57

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

421942319_964070635076001_5149218793722083700_n

Нов судир меѓу Ванковска и Силјановска: блокада на ФБ и обвинувања за „детска постапка“

Македонија | пред 6 месеци

IMG_3573

Билјана Ванковска, претседателскиот кандидат на Левица го оствари своето право на глас

Македонија | пред 1 година

IMG_3390

Ванковска во посета на Каменица и Делчево

Македонија | пред 1 година

uciliste-skolo-deca-ucenici-4-4

Ванковска: Родители, пакувајте куфери за да си ги спасите децата

Коментари | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања