Промени тема
Контакт

Вашингтон и Киев без договор: Клучното прашање е територијата што Русија не ја освои

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Свет
media-library3k7bpcvs32gc3uCSLjo
Фото: Фејсбук/Володимир Зеленський

Мировните преговори меѓу САД и Украина запнале на централното прашање – како да се убеди Украина да се откаже од територии што Русија не успеа да ги освои во повеќе од три години војна, јавува Politico.

Според висок европски функционер запознаен со процесот, американската страна е фокусирана на начините како да се реализира руското барање Украина да се откаже од Донбас. „Американците инсистираат Украина да го напушти Донбас… на овој или оној начин“, изјавил функционерот.

Украина, пак, останува на ставот дека секој мировен договор мора да го замрзне конфликтот на моменталните линии на фронтот. Околу 30 проценти од Донбас сè уште е под контрола на украинските сили. „Најреално е да останеме таму каде што сме“, навел европскиот функционер, додавајќи дека Москва и понатаму врши притисок Киев да направи територијални отстапки.

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно изразил незадоволство од украинскиот однос кон предлогот. Според него, Русија е подготвена да го прифати планот, но не е сигурен дека и Зеленски го поддржува. Трамп изјавил дека украинскиот лидер „не го прочитал предлогот“, иако, како што рекол, „неговите луѓе го сакаат“.

— реклама —

Зеленски не ги коментирал изјавите на Трамп, но за Bloomberg потврдил дека нема договор со САД за источните територии.

— реклама —

Киев се обидува да го увери Вашингтон дека откажување од делови од Донбас би ја охрабрило Русија на понатамошни освојувања. Според украинските процени, предавањето на преостанатите 30 проценти од Доњецката област – со стратешките Краматорск и Словјанск – би го отворило патот кон Дњепропетровск, Запорижја и Харков.

Минатата недела рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија „секако ќе го заземе Донбас“, додека Зеленски во август предупреди дека Москва би имала потреба од околу четири години за целосно да го преземе регионот.

— реклама —

Европскиот функционер истакнал дека клучно прашање останува позицијата на САД: „Дали ќе дејствуваат како посредник или ќе се приклонат кон Русија?“

Киев, истовремено, чека појаснување за какви безбедносни гаранции САД би биле подготвени да понудат.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryb521vis21qi88JhzpeQ

Партијата на Путин со убедливо водство на парламентарните избори во Русија

Свет | пред 12 часа

— реклама —
media-libraryabpnnkvkudne1DUDhMZ

Москва пријави илјадници сајбер-напади за време на парламентарните избори

Свет | пред 1 ден

media-libraryal7tn11j3fht2MfVpaw

Расте загриженоста во Европа од можни руски напади врз НАТО: Се спомнуваат дронови, проектили и саботажи

Свет | пред 1 ден

media-libraryh6lpk7rjt4rkenrhsf3

Фицо: Некои западни политичари сакаат да предизвикаат војна меѓу Русија и НАТО

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања