Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Велковски: Милионски криминал во МТСП со социјалната помош

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
velkovski26012024-1

2.252 незаконски исплаќања биле направени на сметките на корисници на средства за гарантирана минимална помош, со што е направен милионски криминал во МТСП преку злоупотреба на системот за социјална заштита и незаконско и противправно исплаќање на овие средства, обзнани денеска министерот за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски.

— реклама —

„За појаснување на ситуацијата за јавноста, се работи за над 2200 корисници кои примале гарантирана минимална помош и социјална пензија и пријавиле дека не поседуваат возило а според евиденцијата на МВР тие се сопственици на такво превозно средство. При вкрстување на базите на податоци месеци наназад кај овие лица во системот стои дека имаат возило, меѓутоа необјасниво е како службите не постапувале по однос на истото со што се продолжила исплатата на парични средства, со што се предизвикала милионска штета на буџетот на министерството. Имаме првични сознанија дека забележана е и ретроактивна исплата на средства за повеќе месеци наназад, што отвори голем сомнеж за извршени злоупотреби во институциите под надлежност на министерството за труд и социјална политика“, појаснува министерот Велковски.

— реклама —

Манипулацијата е системска а во неа најверојатно биле вклучени повеќе лица, смета тој, за што е започнат вонреден инспекциски надзор со цел откривање на сторителите позади овој милионски криминал во Министерството за труд и социјална политика.

— реклама —

„Мојата цел како министер за труд и социјална политика е да обзнанам пред целата македонска јавност што се случувало во ресорот кој денес го водам и да не дозволам да се случува вакво изигрување на системот. За да биде појасно, еден од условите за остварување на правата е да се провери материјалната, социјалната и имотната состојба на корисникот, а тоа е да не поседувате возило, како и приходи остварени по други основи. Инспекциските служби од министерството веќе од денес започнаа вонредни инспекциски надзори се со цел да се открие кој навистина стои позади овој криминал од милионски размери“, изјави Велковски.

Како што и претходно појасни министерот Велковски, вкупната бројка на детектирани злоупотреби е за 2.252 лица и тоа:

Берово – 15; Битола -166; Валандово – 23; Велес – 98; Виница – 11; Гевгелија – 9; Гостивар – 164; Дебар – 31; Делчево – 3; Демир Хисар – 3; Кавадарци – 23; Кичево – 49 ; Кочани –18; Кратово – 4; Крива Паланка – 9; Крушево - 22; Куманово - 235; Македонски брод - 6; Неготино – 4; Охрид – 40; Прилеп – 229; Пробиштип – 1; Радовиш – 56; Ресен – 1; Свети Николе – 6; Скопје 714; Бутел – 45; Гази Баба – 79; Карпош – 125; Кисела Вода - 155; Центар – 38; Чаир – 151; Шуто Оризари – 121; Струга – 32; Струмица – 70; Тетово – 150; Штип – 59.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

velkovski26012024-1

9000 семејства од социјален ризик оштетени за 120 евра годишно, велат од Министерството за труд и социјална политика

Македонија | пред 1 година

IMG_4001

Велковски: Добросостојбата на нашите деца е и ќе биде наша највисока цел

Македонија | пред 1 година

IMG_3595

Велковски на средба со здружението Мобилност

Македонија | пред 1 година

velkovski26012024-1

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања