Промени тема
Контакт

Велковски: „Со 120 денари не можам да го поминам денот“ ми порачаа пензионерите од Неготино

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
velkovski26012024-1

„Празна торба. Немам средства, пари, да купам и да ја наполнам. Не да ја наполнам, да ставам барем лепче и оваа вечер така ќе седам. Еве ја празната торба. Со 120 денари не можам да го поминам денот“, рече еден од пензионерите од Неготино, револтиран на покачувањето на пензиите од само 5%.

— реклама —

Ова денеска го истакнаа како став голем дел од пензионерите од Општина Неготино со коишто се сретна техничкиот министер за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски. Кога буџетски средства, пари на граѓаните се трошеа на други работи во изминатите седум години, нормално е да нема пари за пензионерите, смета Велковски.

— реклама —
— реклама —

„Овие мизерни 5% сега во Април што треба да ги добиете како они што ги викаат покачување, нема врска со покачување, туку е усогласување на пензиите. Кој сака нека ме коригира, јас стојам на ставот што сум го донел дека 5% на пензиите коишто ги примате тука во најголем дел во оваа просторија, а претпоставувам дека имаат под минималната, под 20.000, да не кажам дека тука има луѓе кои што примаат 13-14 или 15.000 денари. И такви ве има многу. Затоа сум исправен денеска и зборувам искрено пред вас“, рече министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски пред пензионерите од Неготино.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

gjoko-velkovski-1

Велковски: Сакаме да ги опфатиме сите политики што се однесуваат на младите

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
velkovski26012024-1

9000 семејства од социјален ризик оштетени за 120 евра годишно, велат од Министерството за труд и социјална политика

Македонија | пред 2 години

IMG_4001

Велковски: Добросостојбата на нашите деца е и ќе биде наша највисока цел

Македонија | пред 2 години

IMG_3595

Велковски на средба со здружението Мобилност

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања