Промени тема
Контакт

Венецуела ја обвини САД за воена агресија: Мадуро прогласи состојба на надворешна закана

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Свет
media-librarygie705f4vi0fbRAkwFd

Откако во Каракас се слушнале авиони и експлозии, а над делови од градот бил забележан густ столб чад, венецуелската влада соопшти дека „остро ја отфрла и осудува“ наводната американска „воена агресија“.

— реклама —

Во официјалната изјава, властите во Каракас ги обвинија САД дека имаат за цел да ги преземат „стратешките ресурси на Венецуела, пред сè нафтата и минералите“, со намера насилно да ја нарушат политичката независност на земјата. Според соопштението, ваквите дејствија претставуваат сериозна закана за меѓународниот мир и стабилност, особено во Латинска Америка и Карибите, и директно ги загрозуваат животите на милиони луѓе.

— реклама —

Претседателот Николас Мадуро прогласи „состојба на надворешен упад на целата национална територија“, со образложение дека мерката е неопходна за заштита на правата на населението и непречено функционирање на државните институции.

— реклама —

„Целата земја мора да се мобилизира за да ја порази оваа империјалистичка агресија“, се наведува во пораката од венецуелското раководство.

— реклама —

Засега, нема независна меѓународна потврда за тврдењата за директен воен напад, додека ситуацијата во Каракас останува напната и неизвесна.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryodu5a8damiipetyam0w

Северна Кореја ги нападна САД поради оружјето за Тајван: „Вашингтон ги зголемува тензиите“

Свет | пред 1 час

— реклама —
media-libraryl9eoil3ejtlt3FY55Hl

САД и Кина се клучни за трговијата со технологија на ЕУ; Европа сепак ја завршува годината со позитивен биланс.

Свет | пред 22 часа

morbili

Епидемија на морбили во САД: Пенсилванија надмина 1.000 заразени, пет лица починаа

Свет | пред 1 ден

media-library4d6nt33u1es1aBs3ZJ2

Трамп: Украина ги уништува руските рафинерии, тоа ги зголемува цените на бензинот во САД

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања