Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Венера Азизи: Владата го изгласа пуштањето во употреба на „One Stop Shop“ со Република Албанија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-libraryhn4b2491snj9b5avpyJ

Денешната владина седница донесе одлука за пуштање во употреба на системот за заеднички гранични проверки „One Stop Shop“ со Република Албанија, соопшти заменик-министерката за внатрешни работи Венера Азизи.

— реклама —

Со ова, како што посочи таа, се заокружува процесот на воспоставување на ваков систем со трите соседни земји што не се дел од Шенген зоната, имајќи предвид дека истиот веќе функционира со Србија и Косово. За негово целосно стапување во сила останува да биде потпишан договор меѓу двете министерства за внатрешни работи.

— реклама —

Според најавите, системот најпрво ќе почне да се применува на граничниот премин Ќафасан, а потоа ќе биде проширен и на останатите гранични премини со Албанија. Целта е да се овозможи побрзо, поедноставно и побезбедно преминување на границата, особено во летниот период кога значително се зголемува бројот на патници и се создаваат подолги колони.

— реклама —

Потребата од вакво решение ја потврдуваат и податоците за фреквенцијата на патници. Во текот на 2025 година, на граничните премини со Албанија биле регистрирани вкупно 4.581.724 патници, од кои 2.318.080 поминале преку граничниот премин Ќафасан.

— реклама —

Од Владата очекуваат воведувањето на „One Stop Shop“ да придонесе за поефикасен проток на патници и значително намалување на времето на чекање на граничните премини.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library752h05roicf34cJytLV

Извештајот на ЕК за 2026 година тема на денешната дискусија во Владата: Во фокусот напредокот и реформите

Македонија | пред 6 дена

— реклама —
media-library752h05roicf34cJytLV

Владата го усвои Предлог-ребалансот на Буџетот за 2026 година

Македонија | пред 1 месец

benzinska-benzin-nafta-

Продолжува мерката за намалено ДДВ за дизелот до 12 октомври

Македонија | пред 1 месец

media-libraryrvnv9su2jj953qKCRwJ

Владата донесе одлука: Се намалува ДДВ-то за горивата од 18 проценти на 10 проценти

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања