Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Вештачката интелигенција ќе ги лови даночните измамници во Германија, казните достигнуваат до 15 години затвор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Свет
media-libraryqtd8d6pqhbcl3B2Tcnh

Германската влада подготвува обемен пакет мерки за сузбивање на даночната измама, перењето пари и финансискиот криминал, со цел да ги зголеми буџетските приходи во период кога државата се соочува со рекордни расходи и ново задолжување.

Министерката за правда Стефани Хубиг и министерот за финансии Ларс Клингбајл претставија акциски план со 26 мерки, кој предвидува формирање на Заеднички центар за борба против даночниот и финансискиот криминал во рамките на царинската управа.

Според планот, ќе бидат отворени 1.500 нови работни места за истраги, анализи и кривично гонење, а во откривањето на сложени случаи ќе се користи и вештачка интелигенција.

„Никој не треба да смета дека нема да биде откриен. Даночните измамници, кои со криминални трикови ги полнат своите џебови, не смеат да останат неказнети“, изјави Клингбајл.

— реклама —

Мерките предвидуваат и построги казни. Максималната затворска казна за организирана даночна измама ќе се зголеми од 10 на 15 години, а најтешките случаи ќе бидат преквалификувани во потешки кривични дела, со минимална казна од една година затвор.

Владата планира да ги прошири и овластувањата за привремено одземање имот за кој постои сомневање дека е стекнат незаконски. Царинските служби ќе можат да го задржат таквиот имот до 180 дена, а сопствениците ќе треба да докажат дека е стекнат на законски начин.

— реклама —

Посебно внимание ќе биде насочено и кон трансакциите со криптовалути. Владата најавува нови правила за нивното оданочување, како и воведување анализа на блокчејн-трансакции за полесно откривање на финансиски криминал.

Од 2028 година, сите компании со годишен промет над 100.000 евра ќе мора да користат регистрирани фискални каси, што ќе опфати и дејности во кои досега често се работело со готовина, како што се трговците со накит и антиквитети.

— реклама —

Министерството за финансии веќе пресметува дека само во 2027 година овие мерки ќе донесат дополнителни приходи од најмалку една милијарда евра, иако германските власти очекуваат конечниот ефект да биде значително поголем.

Планот доби поддршка од невладината организација „Финанцвенде“ и од опозициските Зелени, кои оценија дека станува збор за важен чекор во борбата против даночниот криминал.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-librarydbphrrfvhpto56sm5rN

Експертите предупредуваат: Преголемото потпирање на AI може да ги ослаби нашите способности

Магазин | пред 1 седмица

media-libraryc2p0qnnvf5bd2I5FxAq

Трошоците за вештачка интелигенција растат, инвеститорите стануваат сè позагрижени

Свет | пред 1 седмица

media-librarydndrt9on4snacpK42Iq

Anthropic откри безбедносен пропуст: AI моделите пристапиле до реални интернет-системи

Магазин | пред 1 седмица

media-library0rfbqrnbtqfd0VGviR5

Повеќе од 1.100 експерти предупредуваат: Потребна е контрола врз вештачката интелигенција

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања