Промени тема
Контакт

Вештачката интелигенција му донесе рекордни резултати на Мајкрософт

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Свет
microsoft

Акциите на „Мајкрософт“ пораснаа за речиси 10 проценти во претпазарното тргување, откако технолошкиот гигант објави приходи и добивка над очекувањата, поттикнати од силниот раст на облачната платформа Azure и производите базирани на вештачка интелигенција.

Компанијата соопшти дека за кварталот од јули до септември очекува приходи меѓу 89,85 и 90,95 милијарди долари, што претставува раст од 16 до 17 проценти. Истовремено, приходите од Azure се очекува да пораснат за околу 45 проценти.

Во четвртиот фискален квартал, кој ги опфаќа месеците април, мај и јуни, приходите на „Мајкрософт“ достигнаа 90 милијарди долари, што е за 18 проценти повеќе во однос на истиот период лани и над прогнозите на аналитичарите.

— реклама —

Нето-добивката се зголеми за 31 процент и достигна рекордни 35,8 милијарди долари, додека добивката по акција изнесуваше 4,81 долар.

Приходите од сегментот Microsoft Cloud достигнаа 59,3 милијарди долари, што претставува раст од 27 проценти на годишно ниво. Од компанијата истакнуваат дека побарувачката за Azure и натаму ги надминува достапните капацитети.

— реклама —

Извршниот директор Сатја Надела изјави дека Azure за првпат остварил повеќе од 100 милијарди долари годишни приходи, додека Microsoft 365 Copilot надминал 30 милиони платени корисници.

— реклама —

Во меѓувреме, „Мета“ објави пад на добивката во вториот квартал и покрај тоа што приходите ги надминаа очекувањата на Волстрит. Компанијата оствари добивка од 15,85 милијарди долари, што е за 14 проценти помалку од истиот период минатата година, главно поради повисоки правни трошоци и исплата на отпремнини.

Извршниот директор на „Мета“, Марк Закерберг, порача дека вештачката интелигенција веќе го забрзува развојот на компанијата и отвора нови деловни можности.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-librarycb32faq7ode8evt2lDv

Новата Meta AI апликација за Mac го менува начинот на кој ги користиме компјутерите

Технологија | пред 12 часа

media-librarydbphrrfvhpto56sm5rN

Експертите предупредуваат: Преголемото потпирање на AI може да ги ослаби нашите способности

Магазин | пред 2 седмици

media-libraryc2p0qnnvf5bd2I5FxAq

Трошоците за вештачка интелигенција растат, инвеститорите стануваат сè позагрижени

Свет | пред 3 седмици

media-librarydndrt9on4snacpK42Iq

Anthropic откри безбедносен пропуст: AI моделите пристапиле до реални интернет-системи

Магазин | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања