Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Ветувал странски пасош и измамил кумановка за 9.000 евра, уапсен кавадарчанец

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
turski-pasos
Илустрација

Полициски службеници од ОВР Кавадарци, во соработка со СВР Куманово, уапсиле 32-годишен жител на Кавадарци, осомничен дека измамил 50-годишна жена од Куманово за вкупно 9.000 евра, лажно ветувајќи ѝ дека ќе посредува за добивање странски пасош.

— реклама —

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, осомничениот првично побарал 400 евра за наводното посредување, но потоа во повеќе наврати барал дополнителни парични средства. Според пријавата, оштетената за краток период му предала вкупно 9.000 евра, а тој продолжил да бара уште пари.

— реклама —

По претходно преземени мерки, на 23 јули на Градскиот плоштад во Кавадарци полициските службеници го лишиле од слобода. При претрес кај него биле пронајдени 2.000 евра што непосредно претходно ги зел од оштетената, а парите биле претходно криминалистичко-технички обработени од полицијата.

— реклама —

Осомничениот бил задржан во полициска станица, а потоа изведен пред јавен обвинител, каде, според МВР, го признал делото.

— реклама —

По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава за кривичното дело „измама“ согласно член 247 став 1 од Кривичниот законик.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryb84o1iapvvk51d1I1Yi

Напади врз сопруги, деца и членови на семејството: Десет пријави за семејно насилство

Македонија | пред 14 часа

— реклама —
media-libraryp3s5jsmgm8jg0VTruJD

Лажни пораки во име на „Безбеден град“ за казни, МВР открива како да ги препознаете

Македонија | пред 14 часа

media-librarytgu6ftghk9oa3gosXEJ

Народната банка спровела четири нивоа на проверки пред давањето согласност за преземањето на Стопанска банка АД Битола од страна на Алта банка од Србија, тврди Славески

Македонија | пред 15 часа

media-libraryl83rfetao1pedcgre47

Шест возачи приведени за безобѕирно управување со возило, четворица немале возачка дозвола

Македонија | пред 15 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања