Промени тема
Контакт
Некст Тајм - Нема друга Македонија / Next Time - Nema druga Makedonija LIVE
Некст Тајм - Нема друга Македонија / Next Time - Nema druga Makedonija LIVE

(Видео) Адвокатите нас повторно нѐ убија, со какви пари ќе се вратат дома?, праша мајката на загинатиот Андреј Лазаров

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Настани
media-library7qqcmuort8oscoC9krT

Васка Лазарова, мајката на трагично загинатиот млад фудбалер Андреј Лазаров, зборуваше за револтот кон адвокатите по првото судско рочиште за трагедијата во дискотеката „Пулс“. Таа раскажа и дека нејзиниот син не успеала да го види пред трагедијата, бидејќи бил фудбалер во странство, а денот кога се вратил во Македонија таа била на екскурзија во Турција.

„Си дојде во девет и пол вечерта, излезе… Јас бев во Турција и не можев ни да го видам. Толку беше“, вели Лазарова, потсетувајќи дека последен пат го видела пред два месеци, бидејќи Андреј постојано тренирал и играл фудбал.

Таа зборува за скромните семејства, за децата што ги изгубија – „преталентирани, преубави, скромни“. Болката е иста кај сите мајки, вели таа, независно од тоа каде биле, што работеле или каков живот воделе.

Но најтешките зборови ги упати кон адвокатите на обвинетите.

— реклама —

„Нека се чукнат во глава… дали имаат тие деца и дали некој ден може и нивните да ги снајде истата судбина“, кажува Лазарова со огорченост.

Потоа додаде:

— реклама —

„Со какви пари ќе се вратат дома? Со кои крвави пари?“ прашува таа, алудирајќи на одбраната што, според неа, со своите постапки ги повредила родителите исто колку и денот кога ги изгубиле своите деца.

Раскажува дека тие, како скромни семејства со минимални плати, се бореле да ги школуваат своите деца, да им создадат иднина – а сега ја живеат најцрната можна реалност.

— реклама —

„Сите талентирани, здрави деца… А со постапката на бранителите денес нас повторно нѐ убија“, додава таа, но сепак признава дека од државното обвинителство добиле барем малку храброст за да продолжат да се борат .

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library6qjfqdevu3o39AJNWkz

„Во „Пулс“ немало никаква заштита од пожар“: Градежното вештачење откри дека биле игнорирани сите безбедносни стандарди

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryibfhsghi67ilfEvkcGo

По сведочењата дека полицајци не помагале кога изгоре „Пулс“, родителите: Униформата служеше за граѓаните или за привилегираните?

Македонија | пред 2 седмици

media-librarys3droijois4v65fZo5A

Деко добивал дојави за полициски и инспекциски контроли, синот го предупредувал за рации – објавени пораки од телефонот на сопственикот на „Пулс“

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryn9ptuoej3o0e3BfosT9

„Немаме сила за нови неправди“: Родителите со порака од Маршот на ангелите по рочиштето за „Пулс“

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања