Промени тема
Контакт

(Видео) Акција на МВР и „Тигар“: пресечен транспорт за марихуана на автопатот „Пријателство“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-librarybuvuv97f23kr7GMgVcp

Министерството за внатрешни работи соопшти дека е пресечен транспорт на дрога во близина на Градско, при што се запленети 65 килограми марихуана и приведени се две лица.

Акцијата била реализирана на 3 април од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, во координација со специјалната антитерористичка единица „Тигар“, при спроведување на оперативно-тактичка мерка „заседа“ на автопатот „Пријателство“.

На наплатната рампа Стоби, полицијата забележала сомнително возило „сеат алтеа“ со скопски регистарски ознаки. По даден знак за запирање, возачот не застанал, туку со голема брзина се дал во бегство кон Градско. Набрзо бил запрен и легитимиран, по што бил извршен преглед на возилото.

— реклама —
— реклама —

При контролата, во возилото управувано од Ф.Н. биле пронајдени четири црни торби со вкупно 65 кеси со растителна материја, со вкупна тежина од околу 65 килограми, како и два мобилни телефони.

Лишени од слобода се Ф.Н. (38) од Скопје и Ј.М. (55) од Кавадарци, кои се задржани во полициска станица во Велес.

— реклама —

Против нив ќе биде поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Велес, поради сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик.

По наредба на јавен обвинител, запленетата материја ќе биде предадена на вештачење во Одделот за форензички испитувања при МВР.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryd2qv29lk03b524QwGRx

(Видео) Нови детали од меѓународната акција: Запленети 324 килограми марихуана

Македонија | пред 2 седмици

IMG_4639

Европа алармира: Секоја недела се појавува нова дрога, синтетичките опиоиди носат смртоносен ризик

Свет | пред 2 месеци

media-library6325v6d2tpncaPYopjS

Во Германија запленети 636 килограми кокаин, уапсени повеќе лица од меѓународна нарко-мрежа

Свет | пред 2 месеци

media-library361ic5plrg5k889hIIq

Лишен од слобода кумановец кај кого била пронајдена бела прашкаста материја

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања