Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Американски сенатор близок до Трамп се збуни: „Во војна сме“ – па „не сме во војна“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
media-libraryeub9rt1c91pqevYhXJ3
Screenshot: CSpan

Американскиот републикански сенатор Марквејн Мулин, близок до движењето МАГА на претседателот Доналд Трамп, се најде во непријатна ситуација откако за неколку секунди даде спротивставени изјави за конфликтот со Иран.

— реклама —

Тој најпрво ги бранеше американско-израелските воени операции, изјавувајќи: „Ова е војна и ја отстрануваме заканата“. Кога новинарите го прашаа дали со тоа признава дека САД се во војна, Мулин одговори дека Соединетите Држави формално не објавиле војна.

„Ние не објавивме војна. Тие ни објавија нам“, рече сенаторот, а потоа призна дека можеби „погрешно се изразил“.

— реклама —

Снимката од разговорот брзо се прошири на социјалните мрежи, каде што историчарот Тимоти Снајдер ја спореди ваквата реторика со руската пропаганда по почетокот на инвазијата врз Украина во 2022 година.

— реклама —

Конфликтот меѓу САД, Израел и Иран ескалираше минатата сабота кога беше започната голема заедничка воена операција против ирански воени цели, при што во нападите загина и иранскиот врховен лидер Али Хамнеи. Иран возврати со ракетни и дронски напади врз Израел и американски бази во регионот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryumbu21pcj1j54KMMoFP

Трамп размислува за укинување на санкциите за рускиот инвестициски фонд

Свет | пред 1 ден

— реклама —
zelenski-putin

Трамп најави средба Путин – Зеленски, но датумот сè уште не е познат

Свет | пред 1 ден

netanjahu

Израел на избори во сенка на војната, иднината на Нетанјаху неизвесна

Свет | пред 2 дена

media-librarynlf082n693g829fA5Ci

Трамп го нарече муслиманскиот демократ „џихадист“, критичарите оценуваат дека ја преминал границата

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања