Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Авион со 267 патници удри во радарска конструкција во Анталија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
media-librarybu704kcimp5ebBvxV8j

Вистинска драма се одвивала на аеродромот во Анталија, откако авион „Боинг 777-3Q8“ на „Туркиш ерлајнс“, во кој имало 267 патници, удрил во метална радарска конструкција, при што биле оштетени крилото и дел од трупот на леталото, а едно лице било повредено.

Според светските медиуми, инцидентот се случил по слетувањето на авионот, кога, според првичните информации, крилото закачило метална антена, која потоа се урнала врз трупот на леталото.

— реклама —

Патниците сведочат дека по ударот се спуштиле кислородните маски, а се отвориле и преградите за рачниот багаж над седиштата, што предизвикало паника во кабината.

„По слетувањето нешто се откина од авионот“, изјавила една патничка, додека друг патник звукот од ударот го опишал како „застрашувачки“.

— реклама —

Од безбедносни причини, сите 267 патници биле итно евакуирани. На местото веднаш пристигнале екипи на итната медицинска помош и противпожарните служби, кои им укажале помош на патниците и го обезбедиле просторот околу авионот.

— реклама —

Снимките од местото на настанот покажуваат сериозно оштетено крило на авионот, како и голема црвено-бела антенска конструкција, која по судирот паднала на пистата.

Од „Туркиш ерлајнс“ соопштија дека е започната техничка истрага за утврдување на сите околности што довеле до инцидентот.

Патниците, пак, изјавиле дека по евакуацијата чекале околу два часа за да го преземат својот багаж. Истрагата за причините за несреќата е во тек.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarymf69v352efb9eEtDoZA

Експлозија во рудник во Турција: Двајца загинати, петмина повредени, еден рудар заробен

Свет | пред 5 дена

— реклама —
media-librarygp36cng7f7ccabLAA14

Шест жртви во поплавите во Турција, продолжува потрагата по исчезнатите

Свет | пред 1 седмица

nafta-696x465-1

Турција ќе набавува дизел според спорниот договор меѓу САД и Русија

Свет | пред 1 седмица

media-library1h6g6r9i9054bZZn0Sr

(Видео) Поплавите ја погодија Турција, четири лица загинаа, тројца се водат како исчезнати

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања