Промени тема
Контакт

(Видео) Автопатот Прилеп–Битола со засилена динамика на градба, ќе го скрати патувањето Скопје–Атина за 3-3,5 часа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryv3jlmnllmetleOAQv8g

Министерот за транспорт, Александар Николоски изјави дека автопатот Прилеп–Битола станува еден од клучните инфраструктурни проекти за развојот на Пелагонија, при што на терен се одвива засилена и интензивна градежна активност на делницата која е дел од Коридорот 10Д.

Според Николоски, со реализацијата на овој автопат значително ќе се подобри регионалната поврзаност и ќе се отворат нови можности за економски раст, зголемување на туристичкиот потенцијал и развој на бизнис-секторот во југозападниот дел на државата.

— реклама —

„Со овој автопат патувањето од Скопје до Атина се намалува за 3-3,5 часа. Тоа значи многу повеќе бизнис и туристи за цел регион!

Ова е најдолгата поединечна делница автопат што се гради во Македонија. Нашата цел е веќе следната година сообраќајот да се одвива по една коловозна лента.

— реклама —

Овој автопат ќе значи побезбеден и побрз сообраќај, подобра поврзаност, поголема конкурентност на стопанството и силен поттик за економскиот развој на Пелагонија.

— реклама —

Пелагонија е еден од најважните региони во Македонија и затоа инвестираме во модерна инфраструктура што ќе обезбеди подобар живот за граѓаните и нови перспективи за идните генерации.

Ја градиме Македонија“, вели Николоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryu2jlctppvnfs3Zdvu1c

(Видео) Херојски потег на автопат: Возачот се онесвестил, автомобилот „летал“ неконтролирано по патот, застана пред автомобилот со своето возило за да го успори и спречи трагедија

Вирално | пред 2 седмици

— реклама —
avtopat-1

Внимателно зад воланот: Влажни коловози и можни одрони на дел од патиштата

Македонија | пред 1 месец

avtopat

Почна изградбата на втората фаза од автопатот Скопје-Блаце, 10,5 километри автопат со 5 тунели и 8 мостови

Македонија | пред 1 месец

avtopat

Српски турист предупредува: Карпа на автопатот во Македонија, а потоа и огромно куче покрај коловозот

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања