Промени тема
Контакт

Почна изградбата на втората фаза од автопатот Скопје-Блаце, 10,5 километри автопат со 5 тунели и 8 мостови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Македонија
avtopat
Илустрација

По долгогодишната подготовка, започнува изградбата на втората фаза од автопатот Скопје-Блаце, со која ќе се изгради делницата од клучката Стенковец до граничниот премин Блаце во должина од 10,5 километри. Предвидено е работите да завршат за четири години, а новата делница да се поврзе со веќе изградените 1,5 километри автопат во близина на граничниот премин.

Изведувач на градежните работи ќе биде домашната компанија „Гранит“ АД Скопје. На поставувањето на камен-темелникот присуствуваат премиерите на Македонија и Косово, Христијан Мицкоски и Аљбин Курти, вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, претставници на меѓународните финансиски партнери, владини функционери, пратеници и амбасадори.

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски, истакна дека станува збор за еден од најсложените патни проекти во земјава поради кратката должина на трасата и сложениот ридско-планински терен.

На делницата се предвидени пет тунели со лева и десна цевка, осум моста, 11 потпатници, четири галерии и девет потпорни ѕидови.

— реклама —

„Денес не поставуваме само камен-темелник на еден автопат, туку поставуваме темел за побрза, побезбедна и посилно поврзана Македонија со соседите, регионот и Европа“, рече Трајановски.

Автопатот ќе има два коловоза, со по две сообраќајни ленти и лента за застанување, а вкупната ширина ќе изнесува 27,5 метри. Според надлежните, изградбата на новата делница ќе го скрати времето на патување, ќе ја зголеми безбедноста во сообраќајот и ќе ги намали трошоците за одржување на возилата.

Постојниот пат ќе остане во употреба како алтернативна сообраќајна врска за локалното население и останатите граѓани.

— реклама —

Финансиската конструкција на проектот е обезбедена со заем од Европската банка за обнова и развој во висина од 167,6 милиони евра и грант од Рамката за инвестиции за Западен Балкан од 30,82 милиони евра. Дополнително, ЈПДП обезбедува средства за експропријација, додека обезбедени се и грант-средства за проектантите Hill International и ADT Omega.

Трајановски нагласи дека изборот на „Гранит“ за изведувач овозможил создавање услови за почеток на градежните работи, оценувајќи дека проектот има стратешко регионално значење.

— реклама —

„Оваа инвестиција е особено значајна затоа што нè поврзува со пристаништето во Драч, со Албанија, Црна Гора и со Србија преку Косово“, посочи тој.

По завршувањето, автопатот Скопје-Блаце треба да претставува значајна патна врска меѓу главниот град и Косово, но и дел од поширокото регионално поврзување на Македонија со соседните земји и европските транспортни коридори.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

avtopat

Српски турист предупредува: Карпа на автопатот во Македонија, а потоа и огромно куче покрај коловозот

Македонија | пред 1 месец

media-libraryv3jlmnllmetleOAQv8g

(Видео) Автопатот Прилеп–Битола со засилена динамика на градба, ќе го скрати патувањето Скопје–Атина за 3-3,5 часа

Македонија | пред 1 месец

media-librarypdqktkljrem09Bz23N8

Автопатот Скопје-Блаце треба да биде готов за три и пол години: стартува изградбата

Македонија | пред 2 месеци

media-library517bg4486n4gfVonK4X

Николоски: До крајот на 2029 ќе се вози по автопатот Гостивар–Букојчани

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања