Промени тема
Контакт

(Видео) Бебзедносниот систем потфрли, оставка од Тошковски и Јанев, побара СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
kostovski

„Денеска јавноста очекуваше дека Панче Тошковски на прес-конференцијата ќе си поднесе оставка и ќе го разреши директорот на БЈБ Александар Јанев, како и началникот на СВР Скопје Сашо Топаловски од функција. Но ова не се случи. Денеска Тошковски, наместо одговорност, на прес конференцијата рече дека полицијата одговорила соодветно и навремено“, рече Мартин Костовски, организационен секретар на СДСМ.

— реклама —

„Ако било така Тошковски треба да одговори:

Зошто МВР немаше навремени оперативни информации за да се делува превентивно и ова да не се дозволи? Што работат АНБ и БЈБ и како се дозволи да ескалира состојбата до ова ниво? Зошто дозволија ваков понижување на Македонците и македонската држава?

— реклама —

Понатаму, зошто не се приведени оние кои пукаа и користеа огнено оружје во центарот на Скопје? Тој не одговори на ова прашање. Македонското знаме беше запалено, а воедно се пукаше со автоматски оружја, што претставува не само кривично дело, туку и закана за безбедноста на граѓаните.

Факт е дека Тошковски и МВР беа целосно во бунило за она што се случи вчера, без воопшто да бидат фактор на стабилност во тие критични моменти. Лесно можеше да се случи да имаме жртви, а тоа можело да се превенира ако МВР имале навремени информации и постапеле превентивно.

— реклама —

Понатаму, она што е очигледно е дека МВР под водство на ВМРО-ДПМНЕ и Тошковски, кој да се потсетиме, на функција е од јануари или речиси цела година, немаат контрола над бандите и криминалот во државата.

Оваа кулминација на состојбата е резултат на хаосот кој го создаваат додека бандите и криминалците се без контрола. Да се потсетиме дека за помалку од една година имаме преку 20 вооружувани инциденти, убиства и обиди за убиства. Секојдневно се пука по улиците во Скопје и ова што вчера се случи е последен од низата настани кои потврдуваат дека Тошковски нема никаква контрола над безбедносната ситуација.

— реклама —

Да потсетиме дека ова е резултат, исто така, и на обидот на Христијан Мицкоски и неговите неспособни инсталации во МВР да го инструментализираат безбедносниот апарат за свои политички интереси, поставувајќи неспособни кадри на клучните позиции во безбедноста. Безбедносниот и превентивниот апарат е разрушен од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ како одговорна партија, го осудува секој обид за нарушување на меѓуетничките односи, секој обид за нарушување на безбедноста на граѓаните. Апелираме граѓаните да останат смирени и да не подлегнуваат на провокациите“, изјави Мартин Костовски, организационен секретар на СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryog60n8coau9ieBMVNXd

СДСМ: Две и пол години Мицкоски и ВМРО: милиони од тендери за бандата, сиромаштија за граѓаните, изолација за Македонија

Македонија | пред 9 часа

— реклама —
Screenshot-2024-01-15-at-09.33.00

СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ: „Што направивте освен криминални тендери?“

Македонија | пред 1 ден

media-libraryifj7namj2f1n0svrrZY

СДСМ: ЗНАМ во Гостивар го чува идентитетот, а свој нема – има далечинско

Македонија | пред 1 ден

media-library5599haamqj8b3gCjaWK

СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ: Велите да пријавиме? Пријавуваме со месеци, вие сте на власт

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања