„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(Видео) Бочварски: Не еден туку двата коридори се важни, власта да ја продолжи градбата на Коридор 10

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
bochvarski1

„Наш врвен стратешки интерес на политички план треба да биде интеграција во меѓународните институции и сојузи, а на економски план, развој на инфраструктурното поврзување со регионот, олеснување на трговијата и транспортот, со други зборови Македонија треба да биде вистинска крстосница на регионот. Добро е што конечно Вмро-Дпмне се сети дека на Македонија и се потребни изградени, модернизирани и функционални коридори кои ќе не постават централно како неизбежна транспортна рута во регионот. Но, тие и денес ја прават грешката кога велат дека едни проекти се поважни, а други се помалку важни, или дека едниот коридор е поважен од другиот“, рече Благој Бочварски - пратеник на СДСМ.

— реклама —

„Ставот на СДСМ е јасен, наш најважен стратешки интерес е да работиме и на двата коридори, без задршка, без застој.

— реклама —

Нема и не смее да има или -или туку само и единствено и - и. И коридор 10 и Коридор 8. СДСМ ја повикува Владата, да не се занимава со најразлични теории на заговор, за реализација на инфраструктурни проекти во други држави. Ако новата Влада сака да продолжи да не позиционира така како што заслужуваме, потребно е да ги продолжи проектите на претходната влада на СДСМ. Нема никаква потреба да се занимава со паралелни коридори во други соседни држави кои де факто постојат, бидејќи сите ние многу добро знаеме кои се приоритетите на останатите држави од регионот. Коридорот 4 кој поминува низ Романија и Бугарија во правец север – југ, не може да биде подобра алтернарива од нашиот коридор 10, затоа што десетката е пократка рута Север - Југ, од Салзбург - преку Словенија, Хрватска, Србија, Македонија па се до пристаништата во Солун и Атина.

И да бидеме на чисто, ниту ние можеме да им го одземеме Коридор 4 на Бугарија, ниту пак тие можат да ни го одземат Коридор 10. Од друга страна, истите тие држави можат да прават што мислат дека е важно за нив, а нашиот приоритет треба да биде доизградба на коридор 8 за што потпишавме меморандум со Бугарија и Албанија, а со тоа сите три држави го покажаа својот интерес и секако продолжување на иницијативата за брза пруга Скопје- Белград за која владата на СДСМ ги започна разговорите со Република Србија.

Токму затоа, кога Вмро-Дпмне од опозиција во Собранието блокираше закони за брза изградба на Коридорите, понатаму блокираше закони за грантови, неповратни средства од Светска банка, за завршување на проектот експресен пат Ранковце-Крива Паланка дел од коридорот 8, СДСМ и тогаш укажуваше на штетните политики на опозицијата. Единствено доколку останеме надвор од ЕУ на долг рок, со поминување граници за секој вид на транспорт на 150 или 200 километри, тогаш ризикуваме да стагнира интензитетот на транспортот низ Македонија.

Од овде на сите ни е јасно зошто е важно без одлагање, интеграција во ЕУ. Од друга страна, не смееме да запреме со модернизацијата на Коридор 10, исто како што не смееме да запреме со изградбата и модернизацијата на Коридор 8, бидејќи ако зборуваме за паралелни иницијативи од соседството јас би споменал само уште една, за поврзување на Албанија, Косово и Србија со Бугарија преку Приштина, Ниш и Софија, што де факто би значело заобиколување на Македонија. Затоа со единствена цел, да не го пропуштиме чекорот со соседите и да не заостанеме, СДСМ во претходниот мандат донесе нов модел на паралелно проектирање и градење кое веќе се применува и ги дава посакуваните резултати за побрзо градење на стратешките проекти од национално значење.

Уште еднаш како политичка партија апелираме до Владата дека СДСМ во опозиција за разлика од Вмро во опозиција, ќе даде поддршка за реализација на сите значајни стратешки проекти кои економски ќе ја зајакнат државата и ќе и дадат шанса за посилен раст и развој.

Тие проекти се повеќегодишни и нивната реализација многу често го надминува мандатот на една влада. Затоа е важно да не се прават ретроградни процеси и блокади, напротив да се обврзат сите политички гарнитури за завршување на овие проекти кои час поскоро ќе ја реализираат нашата стратешка обврска, Македонија крстосница во регионот“, изјави Благој Бочварски - пратеник на СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarykpjdg9ngbo11cowg4CK

Сања Лукаревска: „Нови 20 милиони евра задолжување додека власта секој ден врти криминални тендери“

Македонија | пред 1 ден

media-libraryd6355q6sb3la6Nqk6pI

Јон Фрчкоски со детали за 51 тендер: „16 милиони евра за омилена фирма на ВМРО“

Македонија | пред 1 ден

media-librarye80rui390l4d3MLykPS

СДСМ: „Скршнување од стратешките правци - Мицкоски и Стоилковиќ ја водат Македонија во изолација“

Македонија | пред 1 ден

media-librarye80rui390l4d3MLykPS

Жесток судир на СДСМ и Стоилковиќ: „Ја разбирам потребата на лузерите малку да се стоплат“

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања