Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Четворица пилоти загинаа во судир на два воени авиони на Филипините

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Свет
media-library7qolcra8u68v38Ffq44

Четворица пилоти загинале откако два авиони на филипинското воено воздухопловство се судриле за време на тренажен лет и се урнале во воздухопловна база јужно од Манила.

— реклама —

Несреќата се случила вчера попладне, кога двата авиони „СФ-260“ летале на мала височина, по што се урнале во воздухопловната база „Фернандо“ во градот Липа, во покраината Батангас. Во несреќата немало повредени лица на земјата.

— реклама —

Филипинското воено воздухопловство привремено ги приземјило сите преостанати авиони од овој тип, набавени од Италија, додека трае истрагата за причините за несреќата.

— реклама —

Ова е трет фатален пад на авион „СФ-260“ во земјата во последните години. Во мај годинава, двајца пилоти загинале при пад на ваков авион за време на тренажен лет во планинската покраина Бенгет, а во 2023 година уште двајца членови на екипажот го загубиле животот во слична несреќа.

— реклама —

Несреќата е нов удар за филипинската војска, која со години се соочува со недостиг од финансиски средства за модернизација на воздухопловството, морнарицата и копнените сили.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryd1ssf900d8r6dpQadFk

United Airlines забранува резервации на авионски билети преку ВИ-агенти

Патувања | пред 3 дена

— реклама —
media-libraryd1ssf900d8r6dpQadFk

(Видео) Два aвиона за малку ќе се судреа над Лос Анџелес

Свет | пред 5 дена

media-librarysl4dfk8ri8716HAFtFf

Авион на летот Даблин–Рим принудно слетал во Франција поради дојава за бомба

Свет | пред 1 седмица

media-librarycsmppud8gv1c3DR289Y

Два патнички авиона добиле дојави за бомби на летовите кон Варшава

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања