Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Десет загинати и 16 повредени во бунт во затвор во Мексико

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Свет
media-libraryar8skv0b6hqa4wt3a3c

Најмалку десет лица загинаа, а 16 затвореници беа повредени во бунт што вчера избувна во затвор во мексиканскиот град Мазатлан. Насилството ескалирало за време на редовните посети, соопшти Секретаријатот за јавна безбедност на сојузната држава Синалоа.

— реклама —

Според официјалните податоци, меѓу загинатите има девет затвореници и еден цивил кој бил во посета на затвореник. Сите 16 повредени се затвореници и биле пренесени во болница на лекување.

— реклама —

Локалните медиуми објавија дека затворениците за време на судирот користеле огнено оружје. Засега властите не соопштиле дополнителни детали за причините и околностите под кои избувнало насилството.

Од Сојузната служба за безбедност информирале дека интервенирала Националната гарда, која воспоставила контрола во затворскиот комплекс. Во установата престојуваат околу 1.800 затвореници.

— реклама —

Насилството е чест проблем во затворите во Мексико. Многу од нив се пренатрупани, а врз дел од затворските установи силно влијание имаат организираните криминални групи, пред сè наркокартелите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryp7n70m2169gr4gXBrVB

(Видео) Инцидент во мексиканска емисија: Водителот го шутна дронот и ја погоди манекенката во лице

Вирално | пред 3 дена

— реклама —
media-library7t7a4a9al8987htcqKE

(Видео) Мексико под закана од силен ураган со ветрови до 195 километри на час

Свет | пред 2 седмици

media-libraryqlrpd0b966978v1Kf15

Илјадници Мексиканци протестираа поради загадената вода за пиење

Свет | пред 2 седмици

media-libraryhciodtgp1b8v2aDX0SV

(Видео) Ураган од четврта категорија се движи кон Мексико, ветрови до 225 км/ч

Свет | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања