Промени тема
Контакт

(Видео) ДПМНЕ не прифати ниту еден амандман на СДСМ за Буџетот – ова досега се нема случено, кажа Тренчевска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
JovanaTrencevska-2

„Власта на ДПМНЕ води политика на инает и не прифаќа ниту еден предлог на опозицијата за подобрување на животот на граѓаните, за поголеми плати, за почист воздух, за проекти низ општините“, рече Јована Тренчевска, пратеничка на СДСМ.

„Ниту еден амандман на СДСМ во собраниската комисија ДПМНЕ не прифати, што досега се нема никогаш случено во историјата на македонското Собрание.

— реклама —

-Одбиени се амандманите за поголема плата за работниците,

-Одбиен се амандманите за покачување на платите на полицајците за 20%,

-Одбиен е амандманот за зголемување на платите на пожарникарите,

-Одбиен е амандманот за поголеми платите во образованието.

— реклама —

Се што е предлог за покачување на плати го одбива. Мнозинството враќа моделот во кој работниците ќе бидат само евтина работна сила.

Според податоците од Државниот завод за статистика, животниот стандард на граѓаните се влошува, сиромаштијата расте. Четиричлено семејство има потреба од 62.021 денари месечно за основни трошоци.

Сето ова се индикатори дека народот има се помалку пари во џебовите. Работниците, полицајци, наставниците, пожарникарите, заслужуваат почит, достоинство и фер плати.

— реклама —

Од друга страна додека ДПМНЕ одбива амандмани за поголеми плати во исто време ги зголемува парите во буџетот за мебел и луксузни возила за функционерите.

За нови возила ќе се потрошат 7,5 милиони евра, за нов мебел 1,5 милиони евра, за договорни услуги 80 милиони евра. За службени возила и луксуз за дури 75% од парите се зголемени. Тоа се приоритетите на новата власт.

Во исто време, владејачкото мнозинство ги одбива и амандманите за еколошки проекти во општините, за набавка на автобуси, за реконстукции на улици. Буквлано се одбива секој предлог на опозиција за пректи кои се важни за граѓаните.

Само неколку примери:

— реклама —

Одбиен е амандманот за пречистителна станица во Валандово и колекторскиот систем во Дојран, одбиени се амандманите за набавка на еколошки автобуси, за улицата Ленинова, за намалување на загадувањето, за локални патишта до Демир Хисар, за клучката кај Брвеница....

Пред нас е пленарната седница и апелираме власта да се вразуми, да го прекине овој политички инает и да ги прифати амандманите кои се во интерес на сите наши граѓани.

Пратениците на ДПМНЕ треба партиските директиви да ги заменат со ставање на интерсот на граѓаните на прво место, да покажат интегритет и да делувата за граѓаните а не за партијата“, изјави Јована Тренчевска, пратеничка на СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryog60n8coau9ieBMVNXd

СДСМ: Две и пол години Мицкоски и ВМРО: милиони од тендери за бандата, сиромаштија за граѓаните, изолација за Македонија

Македонија | пред 6 часа

— реклама —
Screenshot-2024-01-15-at-09.33.00

СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ: „Што направивте освен криминални тендери?“

Македонија | пред 21 час

media-libraryifj7namj2f1n0svrrZY

СДСМ: ЗНАМ во Гостивар го чува идентитетот, а свој нема – има далечинско

Македонија | пред 22 часа

media-library5599haamqj8b3gCjaWK

СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ: Велите да пријавиме? Пријавуваме со месеци, вие сте на власт

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања