Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Два силни земјотреси ја погодија Евија, оштетени куќи и патишта

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
media-library5qmi4umc1j034okfteH

Серија земјотреси во неделата напладне го погодија грчкиот остров Евија, североисточно од Атина, при што се оштетени повеќе куќи и делови од патната инфраструктура. Според локалните власти, нема информации за повредени лица.

— реклама —

Потресите силно се почувствувале и во Атина и во околните подрачја, предизвикувајќи вознемиреност кај населението.

Градоначалникот на општината Мантуди-Агија Ана, Јоргос Цапурниотис, изјави дека се регистрирани оштетувања на бројни куќи во Прокопи, на северот од Евија, како и во Дафнуса во централниот дел на островот. Дополнително, поради свлечишта биле оштетени и делови од патната мрежа.

— реклама —
— реклама —

Првиот земјотрес бил регистриран во 12:58 часот и имал јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала, соопшти Геодинамичкиот институт на Грција. Потресот бил плиток, на длабочина од околу пет километри.

Само неколку минути подоцна следувал втор, посилен земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот бил лоциран на околу два километри источно-југоисточно од Прокопи, исто така на длабочина од приближно пет километри.

Надлежните служби продолжуваат со проценка на штетите и следење на сеизмичката активност во регионот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

bura-696x391

Црвен аларм во девет области во Грција поради силни бури и обилни врнежи

Балкан | пред 1 ден

— реклама —
media-library9d89q3t0mfujbtKeKQ9

Првиот човек на грчката кошарка поднесе оставка поради скандал

Спорт | пред 3 дена

media-library16digmv7jnng54Rl5rE

Голема заплена во Солун: Уништени над 22.000 фалсификувани играчки со ознаки на познати брендови

Свет | пред 3 дена

media-library24luvmipt5kn0yY4pIw

Грција забрани социјални мрежи за деца помлади од 15 години

Технологија | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања