Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Експлозија на верска прослава во Мексико: Најмалку 10 загинати и 64 повредени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-libraryjbglf0f2ag9qbqziQo1

Најмалку десет лица загинаа, а 64 се повредени во експлозија на пиротехнички средства за време на верска прослава во мексиканската сојузна држава Мексико.

Несреќата се случила во сабота навечер во општината Темаскалсинго, кога детонацијата предизвикала уривање на ѕид во близина на црквата „Нуестра Сењора де ла Лус“, соопштија локалните власти.

— реклама —

Експлозијата се случила додека стотици жители се подготвувале за огнометот што требало да биде дел од верскиот фестивал. Темаскалсинго има околу 66.000 жители и се наоѓа на околу 160 километри северозападно од главниот град, Мексико Сити.

— реклама —

Меѓу повредените има и двајца свештеници, потврдил локалниот бискуп. Снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат хаотични сцени по детонацијата, додека луѓе во облак од чад ги пребаруваат урнатините во потрага по преживеани.

— реклама —

Канцеларијата на јавниот обвинител отвори истрага, а причината за експлозијата засега не е официјално утврдена.

— реклама —

Несреќите поврзани со пиротехнички средства се чести во Мексико, каде огнометот традиционално се користи за време на улични прослави и верски фестивали. Пред речиси четири години, при силна експлозија во село во рамки на општината Уехутла во сојузната држава Идалго, беа повредени 17 лица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryv6bat2uhoo2re8xeG6P

(Видео) Две лица загинаа при пад на мал авион во Мексико, се урна минута по полетувањето

Свет | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryp7n70m2169gr4gXBrVB

(Видео) Инцидент во мексиканска емисија: Водителот го шутна дронот и ја погоди манекенката во лице

Вирално | пред 2 седмици

media-library7t7a4a9al8987htcqKE

(Видео) Мексико под закана од силен ураган со ветрови до 195 километри на час

Свет | пред 4 седмици

media-libraryqlrpd0b966978v1Kf15

Илјадници Мексиканци протестираа поради загадената вода за пиење

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања