Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

(Видео) Експлозија во фабрика во Вашингтон, еден загинат и девет исчезнати

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Свет
media-librarym6jdm66mog2la3xreoX
unsplash

Најмалку едно лице загина, девет се повредени, а уште девет се водат како исчезнати по тежок инцидент во фабрика за производство на хартија и пакување во Вашингтон, откако пукнал резервоар со хемикалии што се користеле во производствениот процес.

Инцидентот се случил во фабриката Нипон Дајнавејв Пекинг Ко. во градот Лонгвју, а според локалните противпожарни служби, првично било пријавено дека станува збор за експлозија на резервоар.

— реклама —

Шефот на противпожарната служба во Лонгвју, Скот Голдштајн, изјавил дека спасувачките екипи и натаму се на терен и дека операцијата е исклучително сложена поради безбедносните ризици.

— реклама —

Според информациите, меѓу повредените има осум вработени и еден пожарникар. Дел од повредените се здобиле со тешки и животозагрозувачки повреди.

— реклама —

Фабриката е во сопственост на јапонската компанија Нипон Пејпер Индастрис, која произведува картонска амбалажа за течности.

Надлежните соопштија дека резервоарот содржел бела хемикалија за производство на хартија. Првично беше наведено дека капацитетот изнесувал околу 300.000 литри, но подоцна информациите беа ревидирани и беше објавено дека во резервоарот имало околу 3,4 милиони литри течност.

Властите засега не гледаат директна опасност за околната заедница, но им препорачаа на граѓаните да ја избегнуваат областа околу фабриката.

Гувернерот на државата Вашингтон, Боб Фергусон, изрази сочувство до жртвите и нивните семејства.

„Длабоко сум тажен што слушнав дека имало жртви. Моите мисли се со работниците и нивните семејства, како и со спасувачките служби“, напиша Фергусон.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylvsj3j0823dnb6uFkxU

(Видео) Ново пукање близу Белата куќа во Вашингтон, вооружен 21-годишник отворил оган

Свет | пред 3 дена

— реклама —
media-librarykvn82lelc6hkeygTScl

Итно предупредување од Вашингтон: Американците да заминат од Ирак

Свет | пред 2 месеци

media-libraryan9ust6u6fft9zHeLUF

(Фото) Трагедија во Вашингтон: Четири лица убиени во напад со нож

Свет | пред 3 месеци

Screenshot-2025-03-06-at-10.06.31

Необичаен чекор од Вашингтон: Рубио нема да присуствува на НАТО-состанокот, се зголемуваат сомнежите

Свет | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања