Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Судир на два авиона на аеродромот во Вашингтон, на едниот му се откинал дел од крилото

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 18 минути -

Свет
media-libraryvk9pn3v0rre35XasPSG
фото: unsplash

Два патнички авиона на американската компанија „Американ ерлајнс“ се судриле во петокот пред полетување на меѓународниот аеродром „Роналд Реган“ во Вашингтон, при што на едниот му се откинал завршниот дел од крилото. Во инцидентот нема повредени.

— реклама —

Според американската Федерална управа за воздухопловство (FAA), судирот се случил околу 17:10 часот по локално време, додека двата авиона се движеле кон пистата. Авионот на летот за Далас го закачил крилото на леталото што требало да полета кон Чикаго.

— реклама —

На снимка од разговорот со контролата на летање се слуша како пилотот пријавува дека дошло до контакт со друг авион. При судирот се откинал таканаречениот крилен додаток, дел од крилото што помага во намалувањето на отпорот на воздухот.

Еден од патниците за Си-Ен-Ен изјавил дека ударот бил силен и дека целиот авион се затресол. По отстранувањето на откинатиот дел, двата авиона се вратиле на терминалот, каде што биле прегледани од противпожарните и спасувачките служби.

— реклама —

„Американ ерлајнс“ ги повлекла двата авиона од сообраќај заради технички проверки, им се извинила на патниците и најавила обезбедување заменски летала. Федералната управа за воздухопловство отвори истрага за инцидентот.

— реклама —

Ова е втор сериозен настан поврзан со аеродромот „Роналд Реган“ во краток период. Во јануари минатата година, во судир меѓу патнички авион на „Американ ерлајнс“ и воен хеликоптер во близина на аеродромот загинаа сите 67 лица во двете летала.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryagffa0v8km32eemIwnd

Два инцидента во близина на Белата куќа: Автомобил удри во бариера, маж се обиде да ја прескокне оградата

Свет | пред 2 седмици

— реклама —
media-library960tfhs83d8r1d55oWj

Вашингтон со итен апел: Американците веднаш да ја напуштат Русија

Свет | пред 5 месеци

media-librarym6jdm66mog2la3xreoX

(Видео) Експлозија во фабрика во Вашингтон, еден загинат и девет исчезнати

Свет | пред 6 месеци

media-librarylvsj3j0823dnb6uFkxU

(Видео) Ново пукање близу Белата куќа во Вашингтон, вооружен 21-годишник отворил оган

Свет | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања