Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Ескалираа протестите во Тирана: Запален објект на Банката на Албанија, автомобил изгоре до темел

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Свет
media-libraryf3be4kctdlhaaagFQTV

Булеварот „Дешморет е Комбит“ во Тирана остана покриен со камења, искршени плочки, црвена боја и остатоци од молотови коктели по жестоките судири меѓу демонстрантите и полицијата пред зградата на албанската Влада.

Полицијата употребила големи количества солзавец и успеала да ги растера демонстрантите, по што на терен пристигнале и припадници на специјалната полициска единица РЕНЕА.

— реклама —

За време на протестот бил запален влезот на поранешниот хотел „Дајти“, во кој денес се сместени канцеларии на Банката на Албанија. Демонстрантите фрлале молотови коктели и камења кон објектот, кршеле прозорци и се обидувале насилно да ја отворат влезната врата.

— реклама —

На булеварот останале повеќе жаришта на пожар, а коловозот бил прекриен со откорнати плочки и други предмети користени за време на судирите.

Во насилствата целосно изгорел и автомобил со француски регистарски таблички, кој бил запален со молотов коктел. Пожарот на возилото подоцна бил изгаснат, но автомобилот останал целосно уништен.

— реклама —

Снимките од местото на настанот покажуваат значителни оштетувања во околината на владината зграда, додека полициските сили продолжиле со обезбедување на просторот по растерувањето на демонстрантите.

— реклама —

Засега нема дополнителни информации за евентуални повредени при пожарите и за вкупната материјална штета.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3k0j2iurvs8u0XZFYno

„Рама во затвор, Бериша во затвор“: Студентите во Тирана формираа жив ѕид за да ги спречат опозициските приврзаници да им се приклучат на протестот

Балкан | пред 5 дена

— реклама —
media-libraryedf8sm3k8l7t4YrhQYO

(Видео) Рама повторно ги повика студентите на дијалог, постави камена маса пред кабинетот

Настани | пред 1 седмица

media-libraryrc31gtj3gqdn755Wzub

Студентите во Албанија 22 дена протестираат и бараат оставка од Рама и владата

Балкан | пред 1 седмица

media-libraryrc31gtj3gqdn755Wzub

(Видео) Нови судири во Тирана: Демонстрантите палат канти и фрлаат камења кон полицијата

Настани | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања