Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Филипче: Гориво од 105 денари, народот едвај преживува — корумпираната власт не презема ништо

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, при посетата на Свети Николе и средбите со граѓани и земјоделци од Овчеполието, изјави дека високите трошоци за живот и земјоделското производство создаваат сериозни проблеми за населението.

Филипче посочи дека цената на горивото достигнала до 105 денари за литар и дека, според него, нема доволно помош за најзагрозените категории граѓани.

— реклама —

„Ги споделуваат граѓаните со нас секојдневните проблеми, огромни, натрупани, без никаква грижа и помош од власта. Трошоците за горивото стигнаа и до 105 денари за литар“, изјави Филипче.

Тој ги посочи пензионерите со најниски пензии, социјално загрозените, семејствата со многу деца и работниците со минимална плата како категории на кои, според него, им е потребна дополнителна поддршка.

— реклама —

Филипче ги спомена и предлог-законите на СДСМ за зголемување на минималната плата на 600 евра и за финансиска поддршка на земјоделците погодени од кризата, повикувајќи ја власта да ги разгледа предложените мерки.

— реклама —

На средбите со земјоделците од Овчеполието биле посочени проблеми со откупот на грозјето и пченицата, ниските откупни цени на млекото, како и високите трошоци за ѓубрива и нафта.

Филипче предупреди дека состојбата може да го доведе во прашање продолжувањето на земјоделското производство во следната година.

— реклама —

„На овие луѓе им е потребна сериозна помош“, порача Филипче, пренесувајќи го и предупредувањето на земјоделците дека, доколку состојбата продолжи, за две години во овој крај би можело да нема земјоделство.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryo8gsngqa5ffq3huQUuP

Филипче: Мицкоски е пион на оската Орбан–Вучиќ за ограбување на земјата и запирање на европскиот пат

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

Филипче: Алта банка е дел од политичките концесии кон Вучиќ, власта добро знаела кој е Мацура

Македонија | пред 2 дена

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

Филипче: Повеќе пари без тендер, помалку контрола - СДСМ против измените на Законот за јавни набавки

Македонија | пред 3 дена

media-library9jh8rln362q60YzjDzg

(Видео) „Со кого преговарал Мицкоски за Алта банка – со Мацура, со Вучиќ или со двајцата?“, вели Филипче

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања