Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Филипче од Свети Николе: Криминалната власт ги остави граѓаните без помош, а земјоделците ги извиси

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library7e4q0jn9ha7v4kTmAU8

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, при посетата на Свети Николе се сретна со граѓани и земјоделци, со кои разговарал за економската состојба и проблемите со кои се соочуваат.

— реклама —

Филипче оцени дека граѓаните во услови на криза не добиваат доволно помош од власта. Како еден од проблемите го посочи растот на цената на горивото, која, според него, достигнала 105 денари за литар.

„Граѓаните ги споделуваат со нас секојдневните проблеми огромни, натрупани, без никаква грижа и помош од власта“, рече Филипче, посочувајќи ги пензионерите со најниски пензии, социјално загрозените лица, семејствата со многу деца и граѓаните кои примаат минимална плата.

— реклама —

Тој истакна дека СДСМ во Собранието предложил зголемување на минималната плата на 600 евра, како и финансиска поддршка за земјоделците погодени од кризата.

— реклама —

„Разговаравме за нашите предлози во Собранието, предлог Закон за зголемување на минималната плата од 600 евра и предлог Закон за финансиска поддршка во оваа криза во која се наоѓа земјоделството“, изјави Филипче.

Тој повика власта да ги разгледа предложените мерки и да одговори на барањата на граѓаните и земјоделците.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryo8gsngqa5ffq3huQUuP

Филипче: Мицкоски е пион на оската Орбан–Вучиќ за ограбување на земјата и запирање на европскиот пат

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

Филипче: Алта банка е дел од политичките концесии кон Вучиќ, власта добро знаела кој е Мацура

Македонија | пред 2 дена

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

Филипче: Повеќе пари без тендер, помалку контрола - СДСМ против измените на Законот за јавни набавки

Македонија | пред 3 дена

media-library9jh8rln362q60YzjDzg

(Видео) „Со кого преговарал Мицкоски за Алта банка – со Мацура, со Вучиќ или со двајцата?“, вели Филипче

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања