Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Французи се тепале за клима-уреди на попуст, интервенирала полиција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
media-libraryr05iv1rgf6o96MPDzQ1
screenshot X

Големи редици, турканици и полициска интервенција биле забележани пред продавниците на „Лидл“ низ Франција, откако трговскиот синџир понудил околу 200.000 вентилатори и преносни клима-уреди по значително пониски цени.

Уште од раните утрински часови стотици граѓани чекале пред маркетите за да обезбедат еден од уредите, а на некои локации чекањето траело и повеќе од два часа. Во дел од продавниците поради големата гужва интервенирала и полицијата за да воспостави ред.

— реклама —

На социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледа како купувачите трчаат кон полиците, се туркаат и се натпреваруваат кој прв ќе стигне до производите. Во Нантер, западно од Париз, во метежот бил оштетен и влезот на една продавница.

— реклама —

Зголемената побарувачка доаѓа во пресрет на новиот топлотен бран што се очекува во Франција, откако неодамна температурите во делови од земјата надминаа 40 Целзиусови степени.

— реклама —

Преносните клима-уреди што „Лидл“ ги понуди по цена од 179 евра се значително поевтини од повеќето слични модели на пазарот, што дополнително ја зголеми заинтересираноста кај граѓаните.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-librarycsinav6asc2lf6jM6v6

(Видео) Француската морнарица за првпат пресретна наркоподморница во Атлантикот, криумчарите сами ја потопиле

Свет | пред 5 дена

— реклама —
media-librarypssspuic490v4UVuUcq

Нови детали за жената што го потресе врвот на „Нвидиа“: Која е мистериозната Алис Хуанг? Од финансии и милијарди во чипови до шпионски скандал

Свет | пред 1 седмица

media-librarybduht2vmm23q42x82L9

200.000 луѓе на улиците низ Франција, полицијата приведе 121 лице

Свет | пред 1 седмица

media-libraryhiamdkirdnu25S8aPUq

(Видео ) Протести ширум Франција, ангажирани 70.000 полицајци и жандарми

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања