Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Ѓорѓиевски: По долг застој, изградбата на клучката „Момин Поток“ се одвива со засилена динамика

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Скопје
media-library3s6os3thi1e9b3oXYjz

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информира дека со засилена динамика продолжуваат градежните работи на клучката „Момин Поток“, која ја оцени како еден од најзначајните инфраструктурни проекти за главниот град.

— реклама —

Тој посочи дека по години застој, предизвикан од нерешени имотно-правни односи, веднаш по преземањето на функцијата биле преземени активности за надминување на пречките и продолжување на реализацијата на проектот.

Според Ѓорѓиевски, веќе е поставен нов асфалт на коловозните ленти за влез во Скопје, а по целосното расчистување на трасата ќе започне изградбата и на лентите што водат кон булеварот „Словенија“.

— реклама —

Во рамки на проектот паралелно се градат и три моста. Во моментов се урива стариот дел од мостот над реката Серава, додека првиот дел е веќе изграден и следува негово комплетирање. Истовремено се изведуваат работи и на новата атмосферска канализација.

— реклама —

Ѓорѓиевски истакна дека по завршувањето, клучката „Момин Поток“ ќе придонесе за значително растоварување на сообраќајот, побрзо и побезбедно движење и современо сообраќајно решение за овој дел од Скопје. Тој најави дека по овој проект ќе следуваат и нови големи инфраструктурни зафати во градот.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library6rqr9p30u7hm7Fkl47X

Ѓорѓиевски на средба со швајцарскиот амбасадор за нови можности за развој и модернизација на Скопје

Скопје | пред 17 часа

— реклама —
media-librarysb1denuv2k2naXkzohy

Орце Ѓорѓиевски доби признание за поддршката во обновувањето на храмот „Свети великомаченик Димитриј“

Скопје | пред 1 ден

media-library0ku9c8ugju82f46k3Yv

Спречувањето на корупцијата во фокусот на средбата меѓу Ѓорѓиевски и ГРЕКО

Скопје | пред 3 дена

media-libraryp0b2i5pdb1973OTwbn0

(Видео) Ослободувањето од комуналии за младите парови е дел од изборната програма, а не иницијатива што ја прифатил од друг, тврди Ѓорѓиевски

Скопје | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања