Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Го бакна холандското знаме мислејќи дека е српското и крена три прста: Српска водителка направи невиден гаф

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Настани
media-libraryh980amj5l5aeagxC1Dx

Српска водителка го бакна холандското знаме и покажа три прста мислејќи дека бакнува српско знаме.

Снимката предизвика бројни реакции на социјалните мрежи. Првично дел од медиумите објавија дека станува збор за српската амбасадорка во Шпанија, Ирена Шарац, но подоцна беше откриено дека жената на снимката е српската водителка Јелена Димитријевиќ.

— реклама —

Димитријевиќ учествувала како претставник на Србија на голем меѓународен настан во Белградската арена, на кој присуствувале повеќе од 12.000 гости од 90 земји.

— реклама —

Таа подоцна јавно објаснила како дошло до необичната ситуација. Според нејзиното објаснување, околу десет минути го барала српското знаме, а во еден момент, во возбудата, забележала знаме кое оддалеку ѝ заличило на српското.

„Добро, луѓе, признавам – другиот ден ја ‘бакнав’ Холандија. По 10 минути барање на нашето знаме, во возбудата видов знаме кое од далечина личеше на српското и не го проверив многу“, рекла Димитријевиќ.

— реклама —

Таа сепак успеала да го пронајде српското знаме, со кое подоцна се појавила на сцената.

„Имаше грешка во првиот бакнеж, но вистинската љубов сепак беше српска“, порача водителката, додавајќи дека нејзините грешки секогаш биле „мали и од љубов“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

operacija

Историски успех на српските неврохирурзи: Првпат применета нова метода при операција на мозочна аневризма

Балкан | пред 18 часа

— реклама —
media-librarya21ta639bia97PyqYKE

Студентите во Србија најавуваат специјален суд и бараат оставки од најмоќните функционери

Балкан | пред 21 час

media-library4bal9nem50nd1iuSgCr

Лажни дојави за бомби во објектите на РТС, вработените се вратија на работа

Балкан | пред 1 ден

zmija-1

Питон пронајден во училишен двор во Белград, сопственикот тврди дека му испаднал од ранец

Балкан | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања