Промени тема
Контакт

(Видео) Голем пожар и силна експлозија во Англија, повредени 20 пожарникари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-libraryt60u3hq4tp7h6z2Viu0

Дваесет пожарникари завршија во болница по силна експлозија што се случи при гаснење голем пожар во индустриски комплекс во Есекс, на југоистокот на Англија.

Пожарот избувнал во петок во комплекс со повеќе индустриски објекти во близина на местото Ретендон, по што била прогласена вонредна состојба, а жителите од околните објекти биле евакуирани.

Експлозијата настанала откако се запалило ѓубриво складирано во еден од објектите. Пожарот брзо се проширил и зафатил неколку згради, како и околните земјоделски површини.

— реклама —

Во интервенцијата учествувале повеќе од 100 пожарникари. Сите 20 повредени биле пренесени во болница, при што четворица се здобиле со полесни повреди, додека останатите биле прегледани превентивно, вклучително и поради можни оштетувања на слухот од силната детонација. По укажаната лекарска помош, сите биле пуштени на домашно лекување.

— реклама —

Силата на експлозијата била толку голема што се слушнала и на околу 24 километри од местото на несреќата, во градот Саутенд. Во инцидентот биле уништени три противпожарни возила и уште две службени возила на командниот кадар.

— реклама —

Пожарникарите и понатаму остануваат на терен за целосно локализирање на преостанатите жаришта и за санирање на последиците од големиот пожар.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryr08d1ofls4248G8ipwP

Трагедија во Англија: пронајдено тело на тригодишно момче по неколкучасовна потрага

Свет | пред 6 дена

— реклама —
media-libraryr08d1ofls4248G8ipwP

Британец призна дека повеќе од 20 години ја дрогирал и силувал сопругата

Свет | пред 1 седмица

pijan

Слеп и пијан маж возел 240 километри по автопат без дозвола во Англија – доби условна затворска казна

Свет | пред 1 седмица

media-libraryr08d1ofls4248G8ipwP

Новороденче пронајдено мртво во дом во Англија, полицијата уапси седум лица

Свет | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања