Промени тема
Контакт

(Видео) „Голем срам“ – потресна реакција по првото рочиште за трагедијата во „Пулс“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
media-libraryg93j143dnq5s0AexH3N

Мајката на трагично загинатиот Андреј Стојанов од кочанската дискотека „Пулс“, Светлана Стојанова, со потресна изјава по првото судско рочиште ја оголи незараснатата рана што ја носат семејствата на 63-те млади жртви.

„Браво за обвинителите. Голем срам за адвокатите што ги бранат обвинетите. Како немаат чувства и осет на ваква голема трагедија, каде ни ги убија нашите деца“, вели Стојанова, прашувајќи се дали тие што ги застапуваат обвинетите воопшто можат да замислат да се најдат на местото на родителите чии животи засекогаш се уништени.

Таа зборува за непроспиените ноќи, за празните домови и за страшната навика – да ги чекаат децата да се појават на вратата, иако знаат дека тоа никогаш повеќе нема да се случи.

— реклама —

„Гледам дека има луѓе што немаат никакви чувства. Со тоа што ги бранат обвинетите, повторно ни ги убија нашите деца – а со тоа не убиваат и нас“, продолжува таа, опишувајќи ја двојната болка: еднаш за загубените деца, вторпат за секој обид трагедијата да се релативизира.

Стојанова обвинува дека во „име на парата, корупцијата и богатствата“ згаснале 63 млади животи. Потсетува дека сите деца биле воспитани, културни, талентирани – младост што ја градела својата иднина, а не како што, вели, погрешно се коментирало во јавноста дека биле малолетни.

— реклама —

„Нашите не беа малолетни. Беа полнолетни, сите талентирани. Отидоа на концерт да се забавуваат, а не отидоа да ги убијат“, завршува таа, со глас што трепери меѓу гнев, болка и безгранична љубов кон своето дете.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library5f5tqnksrq4edMLkyjp

Сведок на судењето против полициските службеници за „Пулс“: Побарал помош, но полицаецот рекол дека тоа не е негова работа

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-library02ltkt8nipoq7bAli2Y

Судењето против 13-те полицајци поврзани со пожарот во „Пулс“ почна од почеток

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryn7e2plbfuobdczCRhxM

Деко нуди имот од 200.000 евра како гаранција дека нема да избега

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryn7e2plbfuobdczCRhxM

Деко не ја давал лиценцата на увид, а улицата пред дискотеката била блокирана од паркирани возила, сведочеше инспекторка на судењето за „Пулс“

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања