Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Голем шумски пожар во Турција: Евакуирани домови и болница, затворен патот меѓу Анталија и Фетије

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-libraryu1imt5uv6vo3cGKbT0C

Голем шумски пожар избувна во туристичкиот регион Мугла во југозападна Турција, поради што беа евакуирани жители, испразнети делови од локална болница и затворена важна сообраќајница.

Пожарот избувнал на земјоделско земјиште во населбата Бајир, во округот Сејдикемер, а силниот ветер брзо го проширил кон блиската шума.

— реклама —

Во гаснењето учествуваат речиси 400 пожарникари и спасувачи, со поддршка од пет авиони и 12 хеликоптери, соопшти кабинетот на гувернерот на Мугла.

— реклама —

Како превентивна мерка, евакуирани се 65 лица од 43 куќи во близина на пожарот. Испразнети се и одделите за интензивна и палијативна нега во државната болница во Сејдикемер, која се наоѓа на околу 2,5 километри од огнената стихија.

— реклама —

Поради густиот чад и опасноста од ширење на пожарот, затворен е автопатот што ги поврзува Анталија и Фетије. Властите соопштија дека пламените јазици и чадот целосно го зафатиле тој дел од трасата, поради што сообраќајот е небезбеден.

Екипите и натаму се борат да го стават пожарот под контрола, додека силниот ветер дополнително ги отежнува интервенциите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarymf69v352efb9eEtDoZA

Експлозија во рудник во Турција: Двајца загинати, петмина повредени, еден рудар заробен

Свет | пред 2 дена

— реклама —
media-librarygp36cng7f7ccabLAA14

Шест жртви во поплавите во Турција, продолжува потрагата по исчезнатите

Свет | пред 6 дена

nafta-696x465-1

Турција ќе набавува дизел според спорниот договор меѓу САД и Русија

Свет | пред 6 дена

media-library1h6g6r9i9054bZZn0Sr

(Видео) Поплавите ја погодија Турција, четири лица загинаа, тројца се водат како исчезнати

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања