Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Граѓани влегоа во редакцијата на „Информер“, Вучиќевиќ повика полиција: „Ќе убијат некого, во зградата има деца!“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Балкан
media-libraryu3ddvorpbhuh2I0dMY3

Група граѓани вечерва се собра пред редакцијата на српскиот таблоид „Информер“, по што главниот уредник Драган Ј. Вучиќевиќ се вклучи во програма во живо и побара итна реакција од полицијата.

— реклама —

Вучиќевиќ тврдеше дека станува збор за заложничка криза и предупреди дека демонстрантите би можеле да влезат во зградата и да ги нападнат вработените. Тој изјави дека во редакцијата има и деца и повика полицијата да интервенира и да ги заштити присутните. Притоа, тврдеше и дека дел од собраните граѓани се пијани.

— реклама —

Тој упати јавен повик и до Илија Срдановиќ, првиот човек на студентската листа, да реагира и да ги запре демонстрантите. За време на директниот пренос се обиде да ја повика полицијата, но рече дека никој не му одговара на телефон. Набргу потоа, на една од колешките ѝ рече да повика итна медицинска помош, тврдејќи дека новинарката Нина има епилептичен напад.

— реклама —

Според објавениот текст, кратко потоа собраните граѓани влегле во редакцијата.

— реклама —

„Информер“ со години е предмет на критики во српската јавност поради неговото известување и отворената поддршка за Александар Вучиќ. Во текстот медиумот е опишан како еден од најгласните поддржувачи на поранешната власт во Србија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

srpski-dinari

Пензиите во Србија растат за 7,5 отсто: Еве колку ќе добиваат пензионерите од јануари

Балкан | пред 12 часа

— реклама —
media-libraryoqbodgnbj8hddypwZO4

Угостителските услуги во Србија поскапеле за 5,6 отсто за една година

Балкан | пред 12 часа

media-library2gfqf9m4o7c7aGY3kLb

По изборниот успех, Студентската листа на средби со американски и руски дипломати

Балкан | пред 1 ден

media-librarya21ta639bia97PyqYKE

Без задолжителен воен рок, реформи за БИА и прекинување на испорака на оружје за Израел – што планира новата власт во Србија?

Балкан | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања